Technology

Полека бе мајсторе не возиш компири

Деновиве се подсетив на фразата Полека бе мајсторе не возиш компири, која највероватно е изговорена од мука у некој од градските автобуси на ЈСП. Иако оваа фраза потекнува уште од социјализмот, слободно може да се применува и денес. Мене доволно ми беше да се качам само 3 пути у автобус после подолго време за да сфатам дека ништо не е променето со децении.


За автобусите што не чинат-не чинат, али шофериве што ги возат право чудо е што уопште вршат работа колку толку. Возат пребрзо, фаќаат кривини, затвараат врати пред нос на патници, прво тргаат па тек после затвараат врата, кочат нагло, уопште не пратат дали уште влегуваат патници или не. Една девојка ќе се испотепаше баш поради тоа што шоферот тргна без да провери убаво дали се качуваат уште патници.

После ова искуство прва мисла што ми падна на памет беше: - Не само што фалат асални автобуси, туку фалат и асални шофери. Еве да речеме дека стварно ќе се набавуваат нови автобуси у Скопје. Кој ќе ги вози тие автобуси? Истиве овие шофери што возат низ Скопје? Па маме ќе им заебат за 2 месеца. Овие не се трактор со компири да им даеш да возат, не пак автобус со патници.

Поврзана слика

Полека бе мајсторе не возиш компири Полека бе мајсторе не возиш компири Reviewed by Skopski Solidarec on 27 новембар Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)