Апел Држава

Слушајќи ги овие апели ми доаѓа да се запрашам - функционира ли државава и имаме ли ние МВР у државава? Колку време треба да помине за да се сфати дека апеливе уствари не вршат никаква работа. Уште фали да почнат да упатуваат апел да не се пљачкаат банки, да не се крадат аутокасетофони... Треба да се упати еден апел до оние што упатуваат апели да престанат со апели и да почнат да се справуваат со сите видови на криминал. Пошто грото од сите овие силни апели што ги слушаме катадневно се уствари апел да не се прават криминали.
Терминот Апел кај нас погрешнио се користи. Се апелира за навремено плаќање сметки, се апелира за користење субвенции, се апелира за користење велосипеди како превозно средство, се апелира за спортување и слично. Не се апелира за да не се прави криминал, тогаш треба се апси и да се поднесуваат кривични и прекршочни пријави. Би било супер кога со апел би можело да се реши криминалот, ама не може. Преку...тииииииииит... више од апели.
Апел Држава
Reviewed by Skopski Solidarec
on
26 март
Rating:

Нема коментара
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.