Враќање у реалноста

У недостиг на нешто подобро да објави со кое ќе ги израдува Скопјани, Шилегов многу умешно го користи секој спортски успех или музички настан за да го отргне вниманието на Скопјани од наталожените проблеми у градот. Право да ви кажам еве и ја сум уште под импресии и сеа да ме праша некој со кој проблеми се соочува Скопје стварно не би ми текнало што да кажам. Овие неколку дена Шилегов ќе се спаси од критики, али ко ќе спласне еуфоријава за жал ќе се вратиме у реалноста каде што ситуацијата не е баш за славење.
А до тогаш, ВАРДАРЕЕЕ! О ВАРДАРЕЕЕ! О ВАРДАРЕЕЕ ОЛЕ ОЛЕЕЕ..... - Скопски бее!!! Не се дери многу да не земам сукалото и доаѓај ваму да ги изљупиш компириве! - Еве душо идам само да дочитам колку пари ќе не чини све на све Европската титула на Вардар. Ај морам да идам. Спортски поздрав ЗДРАВО!
Постскриптум. За освајањето на Европската титула у Ракомет на Вардар, Владата и Град Скопје искешираа вкупно 750 000 евра. Замислете сеа ваков успех да има и у Фудбал, Кошарка, Одбојка или у некој друг попопуларен спорт кај нас, има да банкротираме истиот момент. Море само нека има, а за пари ќе се снајдеме.
Пост-постскриптум. Патем почна пилот проектот ваучери за Националните спортски федерации со кој се надевам дека ќе се успее да се закрпи некоја дупка у нашиот спорт и работите ќе тргнат на подобро, за потоа што помалку државни пари да се одвајаат за вакви настани, а после кое политичарите не ќе можат да го користат тоа и да собираат политички поени.
Враќање у реалноста
Reviewed by Skopski Solidarec
on
03 јун
Rating:

Нема коментара
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.