Technology

Шилегов у акција

Искрен да бидам ми се свиѓа ова герила акцијава на Шилегов коа ги брка непрописно паркираниве возила пред Сити Мол, а која највероватно има за цел да ја укључи сирената кај сообраќајнава полиција и истата да почне малце да си ја работи својата работа. Башка и ме насмеа малце, што е исто така плус за акцијава.

Али она шо не е уопште смешно е дека у Скопје владее еден општ сообраќаен  хаос, а сообраќајнава полиција дреме ли дреме. Еднаш неделно ќе се јават со информација дека спровеле акциска контрола од толку до толку и то е све, следниот момент пак по старо. Али то што они казнуваат повремено не е ни приближно доволно да се примети дека нешто иде на боље. Собраќајни контроли треба да има 24/7, а не да ми искачаат со информација дека акциски контроли се вршеле од 22.00 до 04.00 часот. 

Абе и од 22.00 до 04.00 часот ќе праат контроли и од 04.00 до 22.00 часот ќе праат контроли. По цел ден ќе праат контроли ако треба - а треба. Што им е друга работа.

Право да ви кажам и ова народов е збеснат. Брзо возат, паркирараат кај кур ќе им текне, зборат на мобилен док возат додека у другата рука цигара држат, не даваат предност на пешаци, за бициклисти па ич муабет да не праам, поминуваат на црвено со 100 на саат, тресат пепељари испод кола. А ако возиш со 50 на саат обавезно некоја будала ти се лепи и ти свири и блиндира отпозади да му се тргнеш од патот. Кој си ти шофериштево да го успораваш? А она дерењето од прозор додека се набутани неколку суруши у кола неќам ни да го коментирам. Сељачизам пар екселанс.

За тркиве низ градов уопште да не зборам, то е општо познато. А исто така да не зборам и за шофериве на градскиве автобуси, оние што се возат у автобус знаат на шо мислам. Најопасно е коа автобусот касни според возен ред, е тогаш има превртуење на црева. Баш ме интересира колку шофери на градски автобус се казнети за брзо возење и за поминуење на црвено? Не би ме зачудило у последниве 30 години бројката да е нула казнети. Али ипак најтрагично од све е што сите овие шоферишта мислат дека знаат да возат.

Исто така е општо познато дека моменталниве казни не даваат никакви резултати. Баш би сакал да знам колку од овие казни се наплаќаат уопште? Оние на пример шо беснеат по улициве а се невработени или не земаат пари преку сметка, дали ги плаќаат казните? Не веруем. Некои со хартијата си виткаат џоинт, така да казната им се наоѓа ко ќе притреба. Им праат услуга ко ќе ги казнат. Поише од јасно е дека осим парични казни треба да има и друг вид на казни. Какви? - одземање на возило или праќање на психијатар на пример - нека укључат малце вијугите тие шо се платени за тоа.

А оној феномен кога полицацеов само што запрел возило и после непуна минута одма му звони телефонот каде шо некој ургира да се пушти дотичниот, треба да се сотре у корен. Оваа појава често може да се забележи у Центар околу ГТЦ каде шо е забрането движење со коли и каде шо шизициве не ебаваат жива сила. Џандаров уште тефтерот го нема извадено а више овој што треба да биде казнет му го подава мобилниот. 

Пошто министеров за внатрешни на општо изненадување куртули од метлата ред би било сеа малце поише да се ангажира. Сите знаеме дека прави реформи у МВР, али ај малце и нека се работи нешто.

Шилегов у акција  Шилегов у акција Reviewed by Skopski Solidarec on 29 јун Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)