Од Охрид туризам не бидува.
Купиндо |
Дали е можно у Пештани после толку години да не е напраен оној тротоар што води накај Десарет и обратно. Дали е можно на тој ненапраен тротоар да стои крш кола со години. Дали е можно да се истураат дрва за огрев на тоа малку тротоар шо го има у сред туристичка сезона. Дали е можно уште да не е среден паркингот у Трпејца или да се направи нов погоре кај патот. Дали е можно да нема сообраќајна полиција да врши контроли кога по тој ист тесен пат се вози ненормално брзо. И моторџии и автобуси и таксисти и други шоферишта шибаат као да се сами, а тротоари нема ни за лек. Полиција може да видиш само ко ќе се деси удес, а често се дешава. Пред тоа ги нема нигде. Али ипак мислам дека и покрај све Трпејца е најдобро место за летување, а и луjѓето тамо се доста покултурни од други места. Најчисто е и не ти брмчат коли над глава.
Купиндо |
За плажите кои ги нема неќам ни да прам муабет, то е башка проблем. За дивоградбите па ич. А за паркинг места уопште да не отворам уста. Не знам дали за цените да дискутираме? Обичен овошен сладолед на плажа (која ја нема) 100 денари?! Или 1500 денари за крш соба со заедничко купатило и заедничка кујна, и со кревети и душеци пуни со креветна стеница?! Е поради вакви работи, а и поради сите овие други работи предходно кажани (а и поради оние шо не се кажани) со која поефтино и поубаво испаѓа летување у Грчка или некоја друга туристичка дестинација, текстот ќе го завршам како што го почнав, од Охрид туризам не бидува.
Од Охрид туризам не бидува.
Reviewed by Skopski Solidarec
on
08 јул
Rating:
Нема коментара
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.