Изгубени у свемиру
Еве мене не ми е јасно у што е штосов шо овие запнале со тие предвремени избори? Ако ги погледнеме резултативе од последниве прецедателски избори да се примјетит дека не само СДСМ има изгубено гласови, него исто така и ВМРО има добар одлив од едно 80_тина иљади гласови со тенденција таа бројка да се зголеми ако продужат и понатака да се понашаат као паднати од марс.
Гледајќи ги тие резултати шансите ВМРО да формира влада се рамни на нула. И Том Круз да е член на Вмро тоа би било невозможна мисија. Зашто тогаш се фатиле за предвремени избори као пијан за стап. Ќе ви кажам зашто? За да се губи време само, за ништо друго. А све то зато шо се неспособни, безидејни и изгубени у свемиру, као шо више реков.
А треба ли да има предвремени избори? Апсолутно дека треба. Ама прво да се направи попис, па да се донесе закон со која Македонија ќе биде една изборна единица и да се донесе закон за судство. Е тек тогаш сите сложно ќе идеме на предвремени избори. Секој што нема да гласа за овие 3 закона ровари против државата. А ако опозицијава не помага, барем нека не одмага. Се губи време, а времето е пари. А тоа моменталново раководство на опозицијава изгледа не може да го сфати, пошто се неспособни, безидејни и изгубени у свемиру. Да не го реков ова еднаш?
Изгубени у свемиру
Reviewed by Skopski Solidarec
on
19 јул
Rating:
Нема коментара
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.