Technology

Скопски Џукели

Резултат со слика за стационар за кучиња фоткиЗначи како може ова скопскиве џукели да ти усерат ден односно у случајов ноќ, то е чудо едно. Него да почнам од почеток. Решавам ја така да напраам една ноќна тура со бицикл и само шо сакав да тргнам ми се посра една птица на глава. Шлааап, директно у центар на тоа ќелавицата. Е мајкуму... али ај си помислив, викаат среќа било тоа.


Се спуштив на Кеј, си возам ја така и си глеам своја работа кога одеднаш ничим изазваним ми се пуштија едно 30-40 џукели. Лаат растураат, не знам кај да се свртам. Шо бе да не претеруем?! Добро де, може малку претеруем, беа 3-4 али мене ми се видоа како 30-40, највероватно од паника. У прв момент пробав да се одбранам со извици од типот чибу бе, мршшш, гитла, сиктер бе и слични, али јок бе брат, не ебаваат жива сила.

Пробав и да убрзам малце али не мојш да им побегнеш, побрзи се. Пошто бев од сите страни сардисан одлучив нагло да закочам, да рипнам од точак и да пробам да се качам на горниот дел од кејот. Речено сторено. И само што го направив тоа џукеливе се повлекоа. Си реков ако за мечка требало да легнеш на земја и да се праиш мртов, за џукели требало да застанеш и да не бегаш. Али ова со мечкава не би сакал да дојдам у ситуација да го пробам, така да не знам колку е тачно.

И све ќе беше океј ако при она нагло кочење и рипање не си го сјебав точакот. Ми се сјеба задњата кочница, ми се изместија брзините и да не набрајам шо уште не. Јебемти и ноќно возење и рекреација и све. Него ај ја шо куртулив куртулив, кружат приказни на пример дека кај школото Љубен Лапе у Аеродром само за летово биле каснати 30-40 души на возраст од 7 до 77 години. Не, не, овој пут не претеруем, ова е проверена информација. Али градоначалников у Аеродром сега му е приоритет да организира концерти а не да решава проблеми.

Си мислам нешто, колку време треба да помине за да се среди оваа ситуација со џукеливе? Можно ли е 30 години да не може никој да го среди овој проблем? Најавуваа некакви нови стационари, реконструкција на Вардариште, стерилизација и кастрација на кучиња, али од тоа засега ништо. Све иде тоа споро као шинобус. У периферниве места на Скопје на пример врие од новородени кутриња. 

Толку ли е тешко да направиш стационар каде шо ќе се прибираат кучињава до нивно вдомување? Она за успивања и слични глупости и ја сум против. Па само со парите за оштети шо се исплаќани на каснати граѓани досеа ќе се направеа 5 асални стационари. Вдомени у стационар ќе им биде боље и на нив а и на нас. Нема друго решение, у стационар до нивно вдомување.

Него се мислам сметкава од поправката на точакот на кој градоначалник да му ја однесам, Карпош, Центар или Скопје. Не знам под чија ингеренција е Кејот. Прво ќе ја скенирам па ќе им ја однесам да ме обештетат. Него ќути шо ми се посра птицата на глава, па така се се заврши со хепиенд. Иначе секој жител на Скопје ради превенција не би било лоше у џеп да држи една кесичка со храна за кучиња у случај ако биде нападнат од кучиња. Додека не преземат нешто надлежните тоа засега би било единствено решение ако случајно некој биде нападнат од џукели. Ваљда ќе функционира ова, ебемлига кујзнае.

Скопски Џукели Скопски Џукели Reviewed by Skopski Solidarec on 12 септембар Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)