Technology

Шилегов, како тоа мислиш тоа се пари на граѓаните?!

Фотографија на Град Скопје.Запалени нови контејнери, искршени стари контејнери, уништени детски реквизити, уништени спортски реквизити, искршени дрвца, искршени клупи, искорнати садници, ова е само дел од оние вандализми илити дивјаштва што секојдневно слушаме и гледаме дека се десиле у главниот град на оваа наша Македонија населена со мирен и кроток народ.

Реакциите на надлежните после тоа се веќе стопати слушнати. Се апелира до граѓаните да не ги уништуваат погоре набројаните работи бидејќи тоа се пари на граѓаните. И се слагам, тоа се пари на граѓаните. И ако се уништи една работа евентуално две, тоа се исто така пари на граѓаните и нема проблем, ќе се санира штетата на трошок на истите тие граѓани. Али ко ќе се уништува секојдневно тоа не се веќе пари на граѓаните, тоа се пари на оние што треба да го спречат тоа. Така да цела оваа штета што се прави секојдневно у Скопје треба да си ја плати од свиј џеп прво министерот за внатрешни, па потоа градоначалниците, па комуналните инспектори и сите оние што се одговорни да има ред и дисциплина. 

И доста више со она „апел до граѓаните“. Абе какви граѓани, немој мене да ми апелирате, ниту палам ниту уништувам. Или фаќајте бељаџии или плаќајте си ја штетата. Не за друго, него некој ќе помисли дека намерно се палат за некој да прави профит со парите на граѓаните, ви текиња.

Шилегов, како тоа мислиш тоа се пари на граѓаните?! Шилегов, како тоа мислиш тоа се пари на граѓаните?! Reviewed by Skopski Solidarec on 04 децембар Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)