Скопје како една општина
Осим романчиња понекад знам да прочитам и по некое интервју.
Па така го прочитав едно од последните интервјуа на скопскиот градоначалник Шилегов.
И право да ви кажам се изненадив, пошто не сум знаел дека сум истомисленик со дотичниот.
Него за шо се работи?
Па така го прочитав едно од последните интервјуа на скопскиот градоначалник Шилегов.
И право да ви кажам се изненадив, пошто не сум знаел дека сум истомисленик со дотичниот.
Него за шо се работи?
- Градоначалниче, не да е подобро него не знам, у секој случај полошо од ова не може да биде, да не се лажеме.
Па ќе додаде: – Мое лично мислење е дека една општина, односно единица на локална самоуправа на ниво на Скопје ќе има далеку подобри резултати. Но, велам, ова е мое мислење, затоа што ова прашање не е дискутирано во ЗЕЛС, како ни со колегите од скопските општини.
Ја само ќе додадам, - епа градоначалниче ако мислите дека Скопје како една општина ќе има далеку подобри резултати тогаш што се чека? Дискутирајте во ЗЕЛС и со колегите од скопските општини, пошто вака више не го бива. Скопје не виде никаков аир со толку општини. Да не набрајам сега, загаден ваздух, бетон, масакр на иљадници дрва, пренаселеност, задужување. Најголема штета Скопје претрпе баш од тие општини. Разговарајте, а ја можам да се опкладам дека за вакво нешто нема Скопјанец што не би се сложил. Да не остане на зборови само.
И конечно боље да имаме 1 сиромашна општина него 10 сиромашни општини, односно 18.
Овде може да ги прочитате текстовите од 17. 02. 2019 година За Скопцките градоначалници (и советници), и од 08.06.2019 година Китење со туѓи перја, у кои се збори баш за она што сега Шилегов срамежливо го најавува, тоест за непотребноста на толку општини у Скопје.
А целото интервју на Шилегов може да го прочитате овде.
Скопје како една општина
Reviewed by Skopski Solidarec
on
13 децембар
Rating:
Нема коментара
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.