Ќе се гради ски-центар вреден 100 милиони евра 😄
У меѓувреме додека СДСМ со сите сили се обидува да го протурка криминалниот закон за легализација на дивоградби (нормално со сестрана помош од ВМРО ДПМНЕ), ѓоамити борецот против корупција и криминал одлучи малце да не дупи у здрав разум. Па така ничим изазван се пофали дека на Осоговските планини ќе се гради ски-центар вреден 100 милиони евра❗
Ок. ако играме така тогаш еве ја свечано изјавувам дека ќе гласам за СДСМ ко ќе биде изграден ски-центарот. Ех, да не претерав малце? Можда требаше да кажам дека ќе гласам за СДСМ кога врбата ќе роди грозје. Поверојатно е тоа него изградбата на овој ски-центар. Него мене ме плаши да не пуштат тоа багерите за некои нивни интереси па да и ебат мамето на таа недопрена природа. Е тоа верувам дека можат да го остварат❗
Нема коментара
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.