Technology

Полициски час


Ми се жали еден пријател дека го привеле поради прекршување на полициски час. - Па зашто си го прекршил полицискиот час, го прашувам. - Ех зашто? Али вика да почнам од почеток.

Си идам ја така по улица и си глеам своја работа ко одеднаш пред мене искача џандар. - Добро вечер. - Добро вечер, викам. - Кај идете господине? Имате дозвола за движење? - Дома викам, и не, немам дозвола. - Знаете дека е полициски час? - Ја му викам знам ама мислев дека имам уште еден саат. - КАКО БЕ УШТЕ 1 СААТ ШТО МЕ ЛАЖЕШ ВАКА Е 2 МЕСЕЦА ВИШЕ, почна да вика. - Добро бе полека шо се нервозираш толку, му викам. - Ти вести гледаш, ме прашуе? - Не, му викам. Па го вика тој другиот колега и му вика онака мангупски, нема дозвола, лаже дека не знае од кога почиња полициски час. Па стави го телефонот додека не ти дозволиме да го користиш, па ќе ти ставиве лисици, па ова па она, невидена ароганција.


И што е ова со терминиве за полициски час? Те нема, те до 10, па до 9, па до 11, и све тоа за 3 дена.Заебано за оние што не гледаат вести. Им дадов лична карта, па продужија со прашања, кај идеш, кај беше, што работиш? И тука решив да ставам точка на муабетов, имате лична карта пишите казна, кај сум бил шо сум бил, моја работа. И пази сеа, не пишуваат на лице место него те носи у полициска станица па таму те мрцварат уште 1 саат па те пуштаат. А таму кој носи маска кој не носи, те ставаат под голем ризик да закачиш нешто. Па после пак шпартање неколку километри плус пошто не те враќаат од кај што те земале. И што е најбитно, не ми дадоа никаков документ дека ме привеле, чудна работа, го заврши своето излагање пријателов.


Али на страна понашањево на нашава полиција, него што значи ова работава со полицискиов час уствари? Тоа значи дека властиве се неспособни да се справат со ширење на вирусот па ај само тупни полициски час. Тоа е најлесно. Сигурно вакво лошо искуство имале и многу други граѓани. Вирусот не го шират оние што се движат сами по улица како пријателов. Се знае вирусот кај се шири и кој го шири највише. И сега најново е она со размена на сликички. Се групираат како на митинг и разменуваат сликички, од 7 до 77 години. Кој со маска кој без маска. Али тоа за властиве е ок, ( и за мене е ок, нивна работа) али ако те фатат сам на улица е тогаш не чини. Кафаниве пуни и сите без маски али ако идеш сам по улица со маска е тоа е криминал од невидени размери.


Градов тоне у криминал а они малтретираат граѓани. Искршени стакла по улици и тротоари, опљачкани возила, искршени клупи и видиковци, запалени контејнери, украдени велосипеди, трки по улици, палење жици, депонии, смрдеа, загадување, корупција, градежен хаос. Дали некад се десило од ко е Македонија независна да пронајдат украден точак или украден ауто касеташ при кој нормално страда стаклото од колата обично возачкото. Можда се десило али ја не сум чул. Само 2019 година се уништени и запалени над 100 контејнери у Скопје. Досеа таа бројка е сигурно многу поголема. Дали разрешиле некој случај на палење контејнер? Чисто сумњам. За властиве тоа е све небитно, битно е дека  според член тој и тој од кривичниот законик на Република северна Македонија... Уф, јебала вас северна кај почнав да го читам законов за полициски час.

Полициски час Полициски час Reviewed by Skopski Solidarec on 05 мај Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)