Срушени стубчиња
Општина Аеродром има пари за оние чешми од 1000 и кусур евра, а нема пари да ги санира овие срушени стубчиња каде што стрчат метални шилци и нормално представуваат опасност. Вакви срушени стубчиња има на повеќе места.
Иначе имав чест и задоволство првпат да ги видам чешмите од 1000 и кусур евра и се уверив дека не се од злато. Веќе не бројам кој пат по ред во Аеродром од кога е прогласена за општина се мењаваат фонтаните за пиење.
Таа традиција на мењавање на чешми продолжи и со сегашниот градоначалник на Аеродром. И секој пат се се полоши и полоши за разлика од оние камени фонтани кои беа отпорни и на кршење и на време и на све.
Срушени стубчиња
Reviewed by Skopski Solidarec
on
28 април
Rating:
Нема коментара
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.