Разочарувањето наречено СДСМ
Пред да дојде на власт СДСМ ветуваше справување со градежната мафија и ставање под контрола на градежното дивеење. Еве сега кога мандатот на градоначалниците од СДСМ е при крај можеме да закључиме само едно, дека не само што не се справија со никаква градежна мафија туку ладнокрвно си продолжија каде што застанаа нивните предходници од ВМРО.
За овие скоро 4 години од нив можевме само да слушнеме дека се немоќни нешто да сторат. Пред да дојдат на власт беа многу моќни но откако си ги сместија дуповите у фотељи станаа немоќни. Тоа го призна Марин, па Богоев, па Филип а еве сега и Богдановиќ признава дека е немоќен.Толку се немоќни што дури ни оставки не можат да си поднесат.
Поради таа нивна немоќ градежниците добија моќ и си продолжија по старо. Па така во Центар, Карпош, Аеродром, Кисела Вода и Ѓорче се тече и се се мења. Нормално на полошо. Односно се гради на велико. Сдсм е вистинско разочарување таман како што беше и ВМРО. Па дури и поголемо. Време е нешто да се промени у Скопје. Ни СДСМ ни ВМРО не заслужуваат више да го водат Скопје. Скопје и Македонија ништо добро не видоа од овие две партии за овие 30 години.
Нема коментара
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.