Technology

До кога плоштадот ќе биде градежна зона?

Баш добро што плоштадот или поточно стазата карши ГТЦ почна да се средува. Меѓутоа се поставува прашањето до кога? До кога плоштадот и околу него ќе биде градежна зона? Иначе ако добро памтам плоштадот прв пат почна да се прекопува кога за градоначалник на Скопје дојде Ристо Пенов. Он е тој кој дојде на идеја да ги извади оние неуништиви коцки кои патем речено беа екстра квалитетни и ништо не им фалеше и да ги замени со некаков шкарт. 

 

Ристо Пенов беше тој што ја отвори Пандорината кутија. И еве од тогаш уште се прекопува. Уште малце ќе славиме јубилеј, 20 години од првото раскопување на плоштадот. Но дали е свесен чоеков што направи? Дали е свесен дека ќе биде запамтен како чоек што го упропасти плоштадот а со тоа и Скопје? Највероватно не. 


Да не остане покус и Коце Трајановски се зафати со прекопување на плоштадот. Еден шкарт е заменет со друг шкарт. За Коце доста е кажано изминативе години така да нема никаква потреба уште еднаш да се повторуваме.


Што да се каже за Петре Шилегов кој заедно со предходните двајца владеат со Скопје вкупно 20 години. Дали нешто е променето? Ок, тој дел на плоштадот карши ГТЦ стварно требаше да се среди. Плочките беа искршени и пропаднати и не личеше на ништо. Али мене ме интересира зашто се дозволи овие 3.5 години тамо да поминуваат коли, комбиња и камиони и да се доуништи оној и така неквалитетно изведен проект. Дали ради тоа за да се има оправдание дека повторно треба да се преуредува? Секако дека не. Како може уопште такво нешто да ми падне на памет. Времето ќе покаже дали ќе имаме уште еден фушерај. Иначе веќе подолг период се преуредува и оној дел околу хотел Јадран. По којзнае кој пат.


Ја се прашувам само едно. Дали некад за градоначалник на Скопје ќе дојде саглам човек кој ќе се справи еднаш за секогаш со тој шкарт, фушерај и невкус и ќе го врати плоштадот у првобитна состојба како што си беше до пред 1996 година? Тешко. Дали една од причините е тоа што прекопувањето на плоштадот е истотака и уносен бизнис. Ма неее, тропам глупости.

 




До кога плоштадот ќе биде градежна зона? До кога плоштадот ќе биде градежна зона? Reviewed by Skopski Solidarec on 17 април Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)