Technology

Најнеспособниот министер за внатрешни работи

Ја за секој министер за внатрешни работи што бил на функција у моментот сум кажувал дека е најнеспособниот министер досега. Нема апсолутно никаква причина тоа да не го кажам и за сегашниов. Значи, моменталнава персона што е на оваа функција е најнеспособниот министер за внатрешни работи што некогаш го имала Македонија. Причините се добро познати, се што се кажувало за предходните може да се каже и за сегашниов. Па и нешто плус.

 

Хаос у сообраќајот, брзо возење, трки по улиците, паркирани коли по тротоари, еден куп нерешени тешки кражби и разбојништва, несанкционирање на кршачи на флаши по улици, (кој се движи по улициве пешки или со точак запознат е многу добро со овој проблем), несанкционирање на уништувачите на државна сопственост односно народна, како што се клупи, контејнери и слично. 

 

Потоа, оние што се движат по Водно многу добро го гледаат хаосот што се дешава на најпосетената планина у Скопје. Искршени флаши на паркинзите на средно, беснеење со коли, искршени видиковци, искршени патокази, расфрлано ѓубре како у Дрисла да се планинари а не на Водно. Знаеме дека поединци се стока али зашто имаме полиција ако тоа не го санкционира.

 

Значи се е исто како и со предходните министри. Можеби сегашниов ја има неспособноста подигнато за еден степен погоре. Море ко ќе размислам малце подобро Оливер С. е најнеспособниот министер за внатрешни работи од сите министри заедно што Македонија ги имала. И затоа оди си човеку, дај оставка пошто твоите нема да те сменат ма колку и да си неспособен. Не си ти за оваа работа.


                                


Најнеспособниот министер за внатрешни работи Најнеспособниот министер за внатрешни работи Reviewed by Skopski Solidarec on 03 април Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)