Булевар за градежна механизација
На страна тоа што повторно за сметка на колите на новоотворениот булевар кај касарна Илинден односно некогашна Маршал Тито ќе нема велосипедска патека, на страна и тоа што бандерите се поставени скоро на средина на тротоарот, сепак е добро што се направи овој булевар. Но...
Кога веќе е сигурно дека на место на касарната ќе се градат миљон згради прашањето е во каква состојба ќе биде многу брзо новиот булевар кога тука ќе почнат да поминуваат бетоњерки, камиони, булдожери, багери и остала градежна механизација. Дали уставри ради нив и се осмисли булеварот ваков како што е без вело патека на пример?
Кој ќе ја плати штетата што овој булевар ќе биде уништен за еден месец? Или ќе го реновираме со парите земени од комуналии. Изгледа тие пари само за тоа служат, да се поправи колку толку штетата што се прави од градењето.
Булевар за градежна механизација
Reviewed by Skopski Solidarec
on
17 јул
Rating:
Нема коментара
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.