Дисперзија на Скопје.
Градоначалников на Карпош често сака да се пофали како градењето од центарот на Карпош го префрла кон периферијата, или како што милува да каже дисперзирање на градбата. Што има тука спектакуларно? Ништо нема. Работата е што веќе во центарот на градот снемува место за градење па сакал неќел градењето мора да се префрла кон периферијата. Не дека он нешто се секира што се гради во Карпош.
А што има добро во тоа што сега ќе почне да се гради и во периферните места на Скопје? Добро нема ништо, а лошо колку сакаш. Се отвара нов фронт каде што ќе настрадаат многу дрва а државното земјиште ќе се раскрчми. Иначе треба да сме свесни дека и Водно е периферија на градот. Исто како и Касарната Илинден, каде што ќе се уништат огромен број дрва а зеленилото ќе се замени со бетон. А се тоа да стане атрактивно ќе треба и да се направи и нешто поише од потребното. Го дисперзиравте вие Скопје и тоа како.
Дисперзија на Скопје.
Reviewed by Skopski Solidarec
on
20 јул
Rating:
Нема коментара
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.