Technology

САКАМ ДА ЛАЖАМ

Порталов може комотно да си го промени името во „САКАМ ДА ЛАЖАМ“ пошто пласира тотални измислици и лжги. И веќе му станува навика, не му е прв пат да шири дезинформации. 

Инаку прв оваа лажга (ВИДИ СЛИКА) ја лиферуваше СДСМ и после одреден период повторно ја активира погоре спомнатиот портал. 

А пошто ја не сакам некој да ме лаже одвоив неколку минути на интернет и дознав дека салата “Расадник” е во надлежност на Јавното Претпријатие за Стопанисување со Спортски Објекти и во моментов е под директни ингеренции на Владата. (Како и што претпоставував, меѓутоа не беше на одмет да се провери уште еднаш) 

Значи ниту некаква фирма ИМПЕРИАЛ ДАНЕЛА ја менаџира салата, ниту пак државата може да си ја земе салата назад од проста причина што веќе ја има. А ја има и тоа одамна. А најмалце од се треба да има некакво примопредавање.

А кривците што салата Расадник е во ваква состојба се никој друг туку владите предводени од ВМРО и СДСМ. Многу работи се уништија за овие 30 години додека се они на власт.



САКАМ ДА ЛАЖАМ САКАМ ДА ЛАЖАМ Reviewed by Skopski Solidarec on 12 април Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)