Дежурни Плукачи
Испровоциран после последните постирања слики за Булевар Гологанов во негативна конотација каде што одредени Дежурни Плукачи повторно бараат влакна у јајцето и при тоа ги користат оние проверени финти со зумирање на фотографијата 300 пати, изоштрување и други фотошоп техники, отидов по вторпат да се уверам самиот себе дали првиот пат можда сум пропуштил нешто.
Меѓутоа за нивна штета со булеварот е се ОК и можам да кажам од лаички аспект гледано дека е еден од најдобро направените булевари кај нас и за разлика од Дежурните Плукачи мене воопшто не ми засметаа цвеќињата што се засадени околу дрвата, напротив баш добро ќе се вклопат со пролетта.
Единствениот проблем кој останува и понатака се паркираните коли на тротоар.
И тој проблем не може да се реши со поставување дополнителни столбчиња како што тврдат некои фејсбук велосипедисти пошто веќе кај што можело и смеело се поставени, туку само со редовни контроли на сообраќајна полиција.
И нормално со протестна нота од МНР до Бугарска амбасада пошто и нивните коли го окупирале тротоарот.
Дежурни Плукачи
Reviewed by Skopski Solidarec
on
06 април
Rating:
Нема коментара
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.