КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА блокира Платежни Картички
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА одлучила да блокира Платежни Картички поради една ситница наречена "Неажурирани Податоци". Ок треба да се ажурираат, али зарем мораше да блокираат баш во петок кога они не работат у сабота и недела и нема начин да се одблокира картичката дури до понеделник. Нели можеа да блокираат да речеме во среда?
Зарем мораше да блокираат баш на 1ви август и тоа баш на празник? Нели можеше после празникот да блокираат?!
Зарем мораше да блокираат во ек на годишни одмори, зарем не можеа оваа процедура да ја прават во септември? Што ако некој е отиден на одмор? Ај тој што е у државава ќе заврши работа за два-три дена, ќе се измалтретира, ќе му преседне одмор али ќе заврши, што ќе прај оној што е надвор од државава?
Зарем мораше да блокираат во момент кога ги имаат најлошите апликации не само кај нас туку и пошироко. Преку тие апликации не можеш ни една работа да завршиш и колку и да се труди човек на крај пак ќе мора да иде на шалтер.
Зарем мораше да блокираат кога ја имаат убедливо најлошата контакт поддршка која не знае ништо да помогне туку само да пофтараат како папагали: - господине обратете се во најблиската експозитура, господине обратете се во најблиската експозитура, господине обратете се во најблиската експозитура...
И на крај крајева зарем мора ли ја да работам со Комерцијална Банка? Зарем не можам да отидам у друга банка? Секако дека можам, ќе се обратам до најблиската експозитура и ќе ги откачам.
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА блокира Платежни Картички
Reviewed by Skopski Solidarec
on
03 август
Rating:
Нема коментара
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.