Волт Превара
Сепак не е се така сјајно као што изгледа. Тоа што некој мисли дека само е доволно да влезе во Волт и ќе почне да заработува грдно се лаже. Така да насловот може да биде и - "Сè повеќе Македонци дремат по улици и чекаат нарачка од Волт".
Меѓутоа каква компанија е Волт? Волт е компанија која не плаќа придонеси, не плаќа бензин и амортизација на превозно средство, не плаќа загарантиран личен доход, не плаќа здравствено и осигурување, не плаќа персонален данок или со еден збор кажано не плаќа ништо, па така дистрибутерот мора сам да си го плаќа се погоре набројаното. Тогаш дали се исплати да се работи во ваква фирма?
Рука на срце да ако дошло нож до коска и се нема друг избор, меѓутоа дистрибутерите на Волт мора да работат и по 12 сата, и по 13 сата и веровали или не дури и по 14 сата затоа што со 8 сати дневно и со еден ден одмор во неделата тешко дека може и минималец да се извади месечно. За амортизација и за пензиско па ич.
Работат и на топло и на ладно, на минус 10 и на плус 40, работат на дожд и на снег и на ветер и на загадено.
Притоа дистрибутерите возат брзо со моторите, се бутаат помеѓу коли да фатат зелено, возат по тротоари и по пешачки за да однесат што поише нарачки. Последица на тоа брзо возење е честата слика по скопските улици на паднат мотор и до него торба Волт.
А како реагира компанијата Волт на тие сообраќајки. Ги заболе десно уво ете така реагира. За нив дистрибутерот е само бројка на апликација и виртуелен лик. Не знаат ни и име ни презиме на тој што имал сообраќајка. Не знаат ни дека уопште имало и сообраќајка.
А да, сепак има една група "одбрани" дистрибутери кои се задоволни со работата, сите други служат само како допуна. Тоа се оние дистрибутери што ги добиваат и кеш нарачките и оние на картичка, за разлика од многу други што добиваат само нарачки платени со картица.
Сигурно се прашувате па што е Волт толку посебна фирма кога нашите фирми и фабрики плаќаат се и сешто за работникот а овие ништо. Одговорот е краток - им се може јебига, така им дозволува законот.
Reviewed by Skopski Solidarec
on
18 октобар
Rating:

Нема коментара
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.