Апанажа за Бламажа
Сликата е позајмена од think.mk |
Биваше ли таква глупост да се направи. Најголем удар на Опозицијата и зададе Шеќеринска, која тотално непотребно поднесе барање за Апанажа. Следувало - Неследувало требаше да си седи Мадро.Само наивен човек не би можел да предвиди што ќе се дешава после. Власта тоа го чекаше и нормално распали со сите расположиви средства по нејзе и целата Опозиција, и то је так нормално, а кој не би искористил ваква шанса. Ова им дојде као Кец на Десетка. Се доведоа у ситуација да ги критикуваат за Неморал луѓе кои немаат ни М од Морал, како оној шо мењава партии ко ја чорапи, и то у сред лето, знаете на кого мислам, да не го именувам не е он тема на текстов.
А што прилика имаа да се покажат. Замислете како би звучела веста кога би гласела вака, - Пратениците од Опозицијата од предходниот состав не поднесоа барање за Апанажа, прибидејќи не го признаваат парламентот се откажуваат од таа привилегија. Е тоа ќе беше Брејкин Њуз, Топ Вест. Рејтингот ќе им рипнеше пута три. Дали намерно дали случајно наседнаа како мали деца. Џабе сеа и Каса - Прими и Телефонски Разговори и Документи, све паѓа у вода. Сега за ова ќе се труби со месеци, а можда и јаче. Што и да направи Опзицијата овие одма ќе вратат, - а Апанажата, Кога ќе објават некој документ за некаков криминал, овие одма, - а Апанажата, Уште еден споменик, - а Апанажата, Потрошени уште толку пари со Анекс, - а Апанажата, Уште една фонтана, - а Апанажата, Катна Гаража, - А Апанажата, Панорамско Тркало, - а Апанажата. Абе има да ги растурат, шо и да кажат овие ќе враќаат со Апанажата.
Али шта је ту је. Него дали може да се поправи работава. Може! Ако сака Опозицијата да излезе од оваа калакурница у која самите упаднаа, у наредните денови под хитно да објават дека секој бивш пратеник својата месечна Апанажа ќе ја донира у добротворни сврхи. Значи не да се откажат од нејзе, па да пропадне за џабе, или некој друг да ја лапне, туку да ја земаат и да ја донираат некаде. Сите до еден, секој месец да ги донираат на различни места кај што тие пари ќе бидат добродојдени. Ако го направат тоа има шанси да се извлечат од оваа гужва, у супротно Црно и било пишано на Опозицијата.
Апанажа за Бламажа
Reviewed by Skopski Solidarec
on
13 јун
Rating:
Нема коментара
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.