Technology

Македонците фром Аустралија

Македонците фром Аустралија, најголемите бранители на Македонската кауза, кој поголемиот дел од нив не можат Македонија ни на карта да ја најдат, се јавија со соопштење по повод намерата Бугарија и Македонија заеднички да слават некои празници меѓу кои и Илинден.

Па ќе кажат - Македонците од Австралија се огорчени, понижени, деградирани и национално обезличени затоа што иницијативата на Бугарија за заедничка прослава на Илинден преставува бескрупулозно и темелно разнишување на историјата на Македонскиот народ.

Тоа е иста таа дијаспора која изиграва дежурен патриот само тогаш кога е у прашање Бугарија и само тогаш кога треба да се решава спорот со името. Друго ништо не ги интересира, имаат забелешки за заедничката прослава за просветителите Кирил и Методиј, али за антиквизацијата на Македонија немаат никакви забелешки, тоа не ги интересира, што се празни државава тоа нормално не ги интересира, пошто и они некад ја спраштиле, што се вејат знамиња на странски држави кај што треба и кај што не треба, за тоа никад не реагирале, невини Македонци што лежат по затвори, ху керс, и да не набрајам више, има многу работи за што требале да реагираат али ќутеле како мулиња. Ги интересира само тогаш кога Македонија треба да реши некој проблем за да се приближи до ЕУ.

И мене некад ми е криво што Бугарите не не признавале како нација и што ти ја знам, ама... не признале како држава и тоа први, а држави се признаваат а не нации. По некоја логика чим ти ја признае државата ти ја признава и нацијата, и ние некад претераваме. Башка што први не признале, па дури и ургирале кај тогашниот прецедател на Русија Јелцин и они да не признаат, па брзо после тоа и Русија не признава. Да не ја забораваме и онаа војна помош од 150 тенка. Сега можда има и у Бугарија некој што се просерава, али па има и кај нас, сеа да бидеме реални, и то доста ги има. Али има и такви од Бугарска страна кои многу помогнале, како Жељу Жељев на пример. Тоа ретко кој го спонува, али зато па ако треба нешто негативно да се пренесе, поединци се у стање јајцава лагери да ни ги направат.

И редно е више да престанеме патриотизмот да го покажуваме само врз Бугарија, кога поише од јасно е дека никаква опасност од Бугарија нема. Бугарија ниту ќе не окупира ниту ќе ни ја земе пола држава. Македонците фром Аустралија изглеа долго време не биле у Македонија па највероватно појма немаат што се дешава у државава, или знаат ама се прават наудрени, пошто така им чини, пре ќе да е ова второво. Толку ли не можеме да сфатиме кај лежи опасноста за Македонија. Ај овие што се лупаат у груди да ги разберам, кој знае што планираат и за кого одработуваат, али па народов што го голта тоа, е тоа не можам да го сфатам.

Ако овој договор за заедничко славење на незнам кои празници, ќе направи Бугарија да ја добиеме како сојузник за патот кон ЕУ, неам ништо против. Ќе помине и тоа заедничко славење, и ништо спектакуларно нема да се деси, ниту ќе се обезличиме ниту ќе се разнишаме, осим што ќе добиеме плус држава пријател, членка на ЕУ. Али да не се секираме, највероватно нема ништо од тоа да бидне, пошто а треба да се донесе некоја одлука за Македонија да реши некој проблем и да тргне од место, прво рипаат Македонците фром Аустралија кој у име свих нас кажуваат што да правиме и работата се изјаловува. Камо среќа да не е така, али... И живот тече даље, они си остануваат да си тераат лагоден живот у земја со просечна плата од 3000-4000 евра, а ние си остануваме тука со мисла дека имаме Ангина Пекторис, а све поради тоа што они се лупаат у груди.

Македонците од белиот свет изглеа се против влегување на Македонија у ЕУ или НАТО, можам да се кладам у тоа. Они на одалеченост од 15000 км ни демонстрираат патриотизам и ни кажуваат што е добро, а што не. Нон стоп се јављаат со некакви соопштења и поставуваат некакви барања. Македонците се понижени, деградирани и национално обезличени зато што ко ќе отиде Македонецот на печалба заборава да се врати. Ајде вратете се тука, заедно да ги отераме у пизду материну и ЕУ и Бугарија и Грчка и цел свет ако треба. Лесно е од Австралија или Америка да изиграваме патриоти. Дојдете тука заедно да се лупаме у груди. Искрено, ја досеа не познавам некој што отишол на печалба и се вратил, додуше знам еден али он само збори за денот кога ќе му ја летне за Сиднеј, или како што вика у втората татковина. А ја би рекол наскоро и единствената, ако продужиме вака. Али тој што отишол отишол, а ние што ќе останеме тука изглеа за Македонците фром Аустралија ќе слушаме само преку оние соопштења шо ќе ни ги праќаат патриотите од таму.

ПСТ. Пред некое време Македонците фром Аустралија исфрлија еден слоган за некаква кампања под името - „Никој нема право да преговара за моето име“, али за тоа наскоро. Бидете така.
Македонците фром Аустралија Македонците фром Аустралија Reviewed by Skopski Solidarec on 03 јул Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)