Technology

Нерегистрирана Кола - Општински Непријател Бр. 1

Општина Аеродром почна да ги собира хаварисаните возила од паркинзите на нејзина територија. И не само нив, отиде и малку подалеку, па почна да ги собира и оние нерегистрираните. Ај тоа хаварисаните можам да разберам, скапани, без гуми, можда и без мотори, стварно зафаќаат место на паркинг, а башка и не ги личи. Можда више не се знаат ни чии се и добар дел од сопствениците убеден сум дека нема ни да си ги земат. Али тоа нерегистрираните што ги дигаат а се у добра состојба, е тоа не го разбирам. Единствен грев на тие коли им е тоа што не се регистрирани.

Се поставува прашање, кој е тој паметњакович што му текнало ваква идеја? На градоначалникот Ивица К. сигурно НЕ. Тој е еден од оние што залутуваат на функции, и не се тамо ставени да мислат туку само да потпишуваат. Али ај да речеме дека ипак е негова идеја, дали у тој случај дотичниот градоначалникот ко се кандидираше за тоа место, акцијава ја имаше ставено у предизборна програма? Или дали на некој митинг има изјавено - Ја, Ивица К. ко ќе дојдам на власт ќе ви ги соберам сите коли од паркинзите ако не ви се регистрирани. Затоа - Избери Дела, ќе собирам коли секој ден па и у Недела. Ја не се сеќавам дека обеќал такво нешто. Да не пишувало у програмата со ситни букви па не сме ја прочитале? Ебемлига, можда е и тоа. Све решија у Општинава па останаа уште нерегистрираните возила да се одстранат. Ја начукаа Општинава со згради, ја направија и бетер од Дебар Маало и сега им фалат паркинг места, тоа ли е. Јебига, Избравме Дела.

Еве на пример Ја, колата ја палам само да поработи некоја минута колку да ја размрдам, не ја возам уопште, со која логика да ја регистрирам, 5 години не ми е регистрирана, сум ушпарал 700 евра досеа. У возно стање e, ја одржавам, али не ја регистрирам, цело време сум на точак, и зиме и лете. Сеа некој ќе рече - па продај ја ако не ја возиш, ебате беља. Зашто да ја продадам, нека стои, може ќе затреба, сум ја купил 1500 евра, а сеа дали ќе можам 300 евра да и земам. Оди после купи нешто поасално со 300 евра. Aко почнам да ја возам ќе ја регистрирам, а сеа некој да ме тера да дадам 150 евра за регистрација на кола што нема да ја возам, мора да е луд. Кај сум се заебал што сум ја купил па сеа уште и да ја регистрирам. Ако сака Општината да ги исчисти нерегистрираните коли нека ми понуди онолку колку што сум ја купил и нема проблем, ќе ја продадам. А се дотогаш никој нема право да ме тера на сила да регистрирам нешто што нема да го возам. Таква заебанција може да му текне само на некој што е скаран со паметот, а изглеа у општина Аеродром такви ги има подоста.

Па зар не помислиле дека луѓето можда немаат пари да ги регистрираат, или се надеваат дека некад ќе дојдат до пари па ќе има и за бензин и за регистрација. Таков е Народот живее у надеж. Можам да се кладам дека над 90 посто од тие што не ги регистрирале колите стварно немаат пари за тоа. А и кај пишува дека колата мора да биде регистрирана, ако ја возам ДА, али ако не ја возам пишува ли у некој закон дека е морално да се регистрира. Ја првпат слушам за вакво нешто. Или така им прднало, се собрале двајца без тројца и одлучиле да собираат коли за да дојдат до паричка. Чекај малце сеа, законски ли е оваа работа уопште? Или овие од општина Аеродром не ебат ни закони ни жива сила. А треба буџетот да се напуни удри по сиромаштија, они се најредовни плаќачи. Ќутат и плаќаат. И зашто акцијава баш најде да се спроведува лете, за време на годишни одмори. Па затоа што постои голема веројатност некој од сопствениците да не се у градов, а кај што ги носат колите после дигање тамо се плаќа лежарина, 60 денари на час. Па сега израчунајте, ако некој дознае после 7 дена дека му е крената колата ќе треба да плати дополнителни 150 евра лежарина. Колава да лежеше на некоја Грчка плажа немаше толку да кошта. 

Деноиве општина Аеродром наликува на место каде у прв момент човек би помислил дека се врши потера као у филмови по некој опасен криминалец. А тоа да ти била нашата Полиција, потпомогната со по некој Спајдер - Кар, која врши потрага по нерегистрирани коли. Го чешлаат теренот уздуж и попреко, секоја педа, секој милиметар од општинската територија за да го пронајдат Општинскиот Непријател Бр.1 - Нерегистрираната Кола. Па дури толку се окуражија што Пајаците почнаа сами, без Полициска придружба да собираат коли. Собираат, ја носат и со муњевита брзина пак се враќаат по нова жртва. Пајаците возат као ненормални, шибаат сигурно преку 90. Што поише коли да соберат, као на процент да се.

А мојата јадна нерегистрирана кола, кој од разбирливи причини нема да и го откријам идентитетот, сеа за сеа успева да ја избегне мрежата која ја плетат Пајаците, до кога ќе видиме. Ја премештам од место на место, од паркинг на паркинг, да не и влезат у трагата. У моментов е у илегала и се чека да се заташка работава. А Народот... ех, Народ ко Народ, ќути, посматра, трпи и плаќа. Неорганизиран, исплашен, скршен, сеирџиски настроен. Што и да им текне на ова Општинскиве чауши ние тоа го прифаќаме ептен олако. А да пожевме малце зуби мајката, а. Или што ќе покажуваме, пола зуби скапани, пола испаднати, пошто зубарот стана луксуз, нема пари за тамо. Али за тоа ич не му се секираме, ќе биде боље, бидејќи Избравме Дела, нели.

ПС. Предлагам да се поедностават условите за регистрација. Да може само Технички Преглед да и се направи на колата, со некое скромно наплаќање да речеме од 200, 300 до 500 денари у зависност од примањата, па ако колата е технички исправна да може да си стои на паркинг нерегистрирана, без страв дека некад ќе биде дигната. И да се воведе летна регистрација тоест да може да се регистрира колата само за летен период. Зашто да се плаќа регистрација за цела година, кога некој, како ја на пример би ја возел само еднаш и тоа да тркнам до Охрид и назад. А такви верувам ги има доста. Што ми е муабетот, тоа дека пред да се почне со некоја глупава акција треба да се праша малце и Народот за промена, тогаш би било многу полесно да се дојде до добро решение со кое ќе биде и Волкот сит а и Овците односно ние Народот на број.

Нерегистрирана Кола - Општински Непријател Бр. 1 Нерегистрирана Кола - Општински Непријател Бр. 1 Reviewed by Skopski Solidarec on 16 јул Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)