Technology

Анархија ол овер Булевар Јане Сандански

Министерката за Внатрешни Рабоќе по кој знае кој пат ги изненадуваше шоферите и лично и персонално ги легитимираше и проверуваше дали некој фино ем лепо се потковал па седнал за волан и слично. И све е тоа ОК. Али кога више тргнала лично да проверува дали се почитуваат собраќајните прописи би и предложил да застане пред ТЦ Бисер и да се увери самата дали е све како што треба. И гарантирам дека тек тогаш она ќе се изненади. Не треба цел ден да изгуби, доволно е да постои некоја минута па да види што се дешава у тој реон.

На лице место ќе може да се увери како се почитуваат собраќајните прописи, и да види како нашите приучени Моторџии шибаат со 200 на саат кроз црвено или кроз зелено, свеедно, изведувајќи вратоломии возејќи на едно тркало, сами на мотор или у пар, секојдневно поминувајќи пред ТЦ Бисер и пред оној новиот кафич што е у склоп на онаа креатура од трговски центар, Капитол. Поминувајќи од тука обавезно следуе турирање со кое сакаат да кажат дека треба сите да се свртат за да ги видат нивните вештини кои ги изведуваат тука на право, иначе да ги пуштиш негде на такмичење, каде што е и местото за вакви егзибиции, на првата кривина излетуваат од пат, право у ендек. Затоа булеварот Јане Сандански е најсигурен за нашите Моторџии. А пробивањето на звучниот зид од нивна страна обично навечер, можат да ви го потврдат сите а највише оние што прозорите им гледаат према улица, а немаат Енфапен прозори. Да пуштиш погласно музика одма ти доаѓа Полиција на врата, а овие што брмчат по цели ноќи и сигурно за дупло ги прекорачуваат децибелите од дозволеното ником ништо. Таман си заспал кога еве ти ги - ВРУУУУУМ. Ти се усра и сон и све,
иди заспи после.

Потоа Министерката би можела да ги види брзите и збеснати кој у најголемите гужви се тркаат со својте коли, па затоа Аеродром е населба у која секојдневно се дешаваат тешки собраќајки како на пример - онаа каде што настрадаа две девојки кога некоја Будала поминала на црвено и удрила у нивниот Голф по што овие се превртеле. Или онаа сообраќајка кога уште една Будала која не можејќи да ја фати кривината каде што уопште и немало кривина се закова у автобуската кај Три Бисери. Среќа што немало никој на Автобуската, па настрада само постојката. Да водев евиденција за сообраќајките што се десиле само у Аеродром, ќе ми требаше неколку текста само нив да ги набројам.
Верувам дека ситуацијата не е ништо поразлична ни у другите општини. 

Зашто се толерира тоа, кој знае али највероватно зато што сите овие имаат грб у Полиција или у власта, ја друго објаснување неам. А може ли да се среди ова - може. Парични казни не се доволни, треба да се почне и со одземање на Моторите или Колите на одреден период, поготово кога се прекорачува брзината и по 150 км над дозволеното. Потоа казна одземање на Моторот или Колата кога се вози со пробушени ауспуси или без нив. Нормални држави измислиле закони, не треба ние да му ја мислиме многу, треба само да ги препишеме и да ги спроведеме. И најважно кога чичко Полицаец ќе ја пишува казната да не му звони одма телефонот. Али изгледа законите кај нас се спроведуваат само врз обичниот човек, за овие вториве со Грб закони не важат.

Проблемот не се решава само со сликање пред новинари. Место МВР да троши енергија за дигање на Нерегистрирани Коли у Аеродром, боље би и било малце да поработи на случајот и да го среди тој хаос. Искрено, не верувам дека нешто ќе среди али ја да си кажам, можда ќе ме демантираат, од кај знаеш.


ПС. За да имаат овие со вишок адреналин кај да се испукаат, Градот или Државата треба да изгради некаква стаза подалеку од населено место каде што ќе има место и за публика, па ако сакаат по цели ноќи нека брмчат и изведуваат бесни глисти, населено место не е за вакви просеравања.

Анархија ол овер Булевар Јане Сандански Анархија ол овер Булевар Јане Сандански Reviewed by Skopski Solidarec on 28 јул Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)