Technology

Туѓината пуста да остане

Потребно време за Читање неполни 8 минути, али ќе ви поминат како за 3

Многу Галама се дигна околу тоа дали нашите Иселеници треба да гласаат на Избори или Не. Али додека падне одлука за тоа, ја ќе спомнам една друга работа. Пред некое време на интернет налетав на една Кампања со следниов Слоган - „Никој нема право да преговара за моето име“ на некојси таму Македонски организации, највероватно од Австралија, со скратеници ММДЧП и АМКЧ, (Не прочитав шо значат кратенкиве, пошто ситни ми беа буквите) Целта на оваа кампања како што ќе рече еден од организаторите била, цитирам - Да се представи мнението на Дијаспората, на иселениците од Македонија дека името не треба да се сменува и дека преговорите треба да се прекинат. Ова е кујзнае кое по ред барање у последно време за прекинување на преговорите после она редовното барање на ОМД (Обединета Македонска Дијаспора, оваа скратеница ја знам) Право да ви кажам се слагам со тоа и кога ја би се прашуел одма би ги прекинал преговорите за името. Али мене никој не ме прашуе за ништо па така не сум у можност да прекинам било што.


Али можам да дадам еден предлог за друга кампања, а би се однесувала на истата таа Македонска дијаспора, а слоганот би бил - „ВРАТИ СЕ ОДМА У СВОЈАТА САКАНА МАКЕДОНИЈА ИЛИ ШАТ Д ФАК АП“. Како шо кажува и самиот наслов на слоганот, тоа би бил еден позив до сите Македонци распрскани по Капиталистичките и Угнетувачки земји да се вратат под хитно у својата сакана Македонија. Па така откако ќе се собереме сите на купче и ќе се преброиме би можеле заеднички да одлучиме дали ќе преговараме за името или не, или ако ги прекинеме преговорите каде после - лево, десно, горе, доле или у пизду матер, тоест кој пат ќе го фаќаме.


Сите знаеме дека печалбарскиот живот е тежок и тој леб шо се јаде таму е горчлив како пелин, а песните шо се пеат се која од која потажни, да не речам депресивни. И дека таму не е баш све Орајт и дека зато нашите треба да се вратат ќе видиме преку наредниве примери баш преку тие Печалбарски песни.


На пример песната - „Туѓината пуста да остане“ - у која се збори за некој Шизик кој највероватно од немајкаде отишол на печалба и ја оставил својата женска у Македонија. Таа го чекала и чекала и чекала, ама тој не се враќал. Ги прашуела печалбариве шо се враќале, ама никој абер немал шо се десило со него. И така после три години неизвесност Рибава добила писмо од него каде шо овој и пишуе дека више нема да се враќа у родната грутка бидејќи се заљубил таму негде у пизде си материне и се оженил. Без разлика на све, типов испаднал тежок Буљаш и ја изработил Рибава која го чекала дури три години.


Додуше мене ова со чекањево од три години ми е малку претерано, али у песнава не се кажуе кога тачно се одвија дејствието. Ако е некое поблиско минато нема шанси некоја да те чека толку. У мое време ќе отидеш у војска па Рибава не те чека поише од три месеца, а не пак три години. Ти пишуе максимум две писма. У првото дека многу те сака, дека ќе те чека, дека ти е верна и слични срања. Па така док читаш ќе наидеш негде на размачкан текст, демек док го пишуела писмово и капнала некоја суза на хартија и текстот се размачкал. Нема везе, капнала со она инката од капки за нос.


А у второто дека ти раскинуе пошо неможела више да чека. Не поминале ни 3 месеца, а она неможела више да чека, али ајде. Али пошо ова е стара народна песна, највероватно дејствието е сместено малце поодамна, кога можда важеле некои други морални вредности, па да речеме дека можда така било. У ствари шо го Тупам ко то и не е така битно многу-многу, битно е дека преку овој пример можевте да видите дека Туѓината го квари Македонецот и то е уше еден разлог више за враќање на сите Македонци у Мајчината илити Татковината.


Иначе може да се примети дека у тие Печалбарски песни преовладуваат претежно клетви каде што се колне све живо и диво. Па така главните ликови од тие песни увек ги проколнуваат земјите кај што отишле да печалат, како на пример - Проклета да е Америка, Проклета да е Австралија, Проклета да е Tуѓината, Проклето да е ова, Проклето да е она, све да е Проклето. Чунки тие земји ги влечеле за уши да идат таму да работат. А мене пак никад не ми било јасно зашо ги колнат Земјиве кога тие им ги отвориле вратите, ги примиле како луѓе да работат, да заработат, така ли им враќаат, со колнење. Стварно не ми е јасно. И шо кур ги колнеш, ако не ти се свиѓа врати се ебате беља.


Ова со колнењево ќе го видиме баш у вториот пример. У Песната - „Проклета да е Австралија„  главниот лик од песната уште незгазнат на Австралиско тло и прво што прави одма фрла клетва - Проклета да е Австралијааааа! Од прва, ни две ни три. Изгледа така песнава го добила и насловот, според истоимената Клетва. Значи типов колне растура страв да те фати. Па после користи зборови као - Тешка печалба, па Црна туѓина, абе све црно од поцрно, човек ко ќе ја слуша ќе помисли дека типов отишол у пеколот на печалба, а не у Австралија.


А дека никој не му е крив говори и фактот дека пред да тргне Другарите покушавале да го предомислат, па му викале, - немој Стојане, аман - заман, не иди, кому оставаш млада невеста со машко детенце башка и стара мајка? Али јок, не помогнало, овој си терал по свое и му ја летнал, тоест му ја запловил. У песнава не се кажува дали типов се вратил некад у родната му грутка или исто како копукот од првиот пример никад не се вратил. Али со оглед на тоа дека у третата строфа типов продужувајќи да колне ќе рече - Проклета да е Австралија што ме остави без фамилија..., по све изглеа ни он не се вратил никад. За пуста пара оставил и жена и дете. Ви викам ја, а отидат на печалба одма се кварат.


Уште еден пример со можда најдепресивната песна испеана некад на овие простори, песна која фрла директно у Очај и тера на сечење вени со туп жилет - „Параходот ми пристигна“, у која се збори за едикојси таму на кој му пристигнал Параходот и овој требал да се качи на него и да фати фитиљ. И додека се збогувал со својата Сакана, он и кажувал да не плаче бидејќи ќе се врател. И у оваа песна не е допрецизирано дали печалбаров се вратил или не, па така може само да нагаѓаме што се десило. Моја предпоставка е дека ни овој исто како и другите не се вратил никад. Кој се вратил па он да се врати.


И за крај примерот со песната „Кога тргнав Цвето за туѓина“, каде што еден тазе Печалбар уште не почнат да печали пари, почнал да сумња дека жената го вара. И место да работи тамо кај што отишол он побрзал да се врати дома за да се увери дали неговите Сумњи држат Вода. И ко се вратил ја начекал жена му Цвета како пие црно кафе у Комшии и праела некој неврзан муабет. Тоа за него бил Еклатантен Доказ дека Госпожа го вара, направил сцена и И порачал одма да не мисли више на него. За него доказ а за мене пак ова беше уште еден пример дека нашиве поред све стануваат башка и Параноични ко ќе отидат на Печалба. Алоо, кафе пиела, ај да ја начекал у кревет па да кажеш, али вака... Ете тоа беа неколку примери зашто нашите што се распрскани по белиот свет треба да се вратат.


А дека со векови ништо не е променето може да се види и од тоа што и новава генерација Иселеници ко ќе отидат на печалба ретко кој се враќа. Ај што не се враќаат туку многу сакаат да ни кажуваат што да правиме на нас кој од некакви причини уште не се даваме и остануваме верни на оваа Државичка. А нели сите они тврдат дека западњачкиве земји сакаат да не уништат, не уценуваат со името и не не примаат у ЕУ и НАТО, и сакаат да ни го сменат Идентитетот. Е па како и после све тоа што ни го прават Западњаците они остануваат уште у тие Западни земји и ги користат тамошните Благодети. Стварно не ми е јасно како можат.


У ствари ко ќе размислам малце боље тоа е само една шака луѓе кои сакаат да делат Памет и кој демек и мислат добро на Македонија, а другите... другите баш ги заболе. Гледаат да си најдат некоја добро платена работа, јазикот Македонски го забораваат уште првата година, набацуваат одма некој акцент и доаѓаат само понекад за да се видат со поблиските. Тоа ако се отидени у Европскиве земји на печалба, а ако се отидени у некој од Прекуокеанскиве... ни толку. Додека оние  што се родени тамо Македонија не  можат на Карта да ја најдат, а не пак да се вратат. А што се тиче она Печалбарите дали да Гласаат на наши Избори или не, ја се слагам, нека гласаат... али тука, у Македонија. Нормално ко ќе се вратат да живеат тука. Па ко Воли нек Изволи.


Туѓината пуста да остане Туѓината пуста да остане Reviewed by Skopski Solidarec on 16 септембар Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)