Technology

Вози Мишо

Само еден ден откако беше спречен штрајкот у ЈСП, нормално со префрлање пари од градската каса у касата на ЈСП, се преврте градски автобус. Епилог, поише патници повредени, за среќа без жртви. А дека ЈСП работи со загуби тоа е приказна стара, сите ја знаеме. Коце за една од причините зашто оваа претпријатие работи со загуби го кажа  и она што Приватните Автобуси возеле испред нив и им праеле као нелојална конкуренција.


Па сеа се мислам, да не сакаат со ова да им им сугерираат на шоферите од ЈСП да бидат малце поише пргави илити потркачки настроени. Па уште и ако им рекле дека ако се продужи со загуби би можеле да останат и без работа, овие нема да ја одлепат ногата од Гас. А дека трки за патници помеѓу Приватњаците и ЈСП има, не е некоја тајна. А брзо возење со автобуси како овој што се превртел и оние што ги возат Приватњаците, кои Бај д веј како да искочиле од филмот Ко то тамо пева не е баш препорачливо. А дали и со кого се тркал Бусов што се превртел и дали возел малце побрзо него што треба ќе дознаеме накнадно. Али сеа ако повредените поднесат и тужби, за што мислам дека имаат право, ќе биде ќар до гуша, ете ти уште една загуба за ЈСП.


Па после ко ќе собереш колку се возат беспари, пензионери, студенти и други, па ко ќе ги додадеш и оние подрачја што се возат а не плаќаат како Арачиново, Студеничани и многу други, па на крај све ова ко ќе го помножиш со тоа колку ова претпријатие има превработени, Бусовите на ЈСП и да летаат како Спејсшатли пак ќе бележат загуби. А мислам дека ова со превработеноста е најголем проблем, пошто бесплатните возења можеш да ги укинеш, а неисплатливи линии можеш да ги редуцираш.


Али како сега на луѓето да им кажеш дека се вишок и дека мора да летаат од работа. Како да им објасниш дека администрацијата е пренатрупана и дека се потешко се наоѓаат пари за плати. А тиквата кат-тад мора да пукне. Мој совет до сите оние што работат у администрација е да бидат спремни на тој ден кога ќе мора да бидат отпуштени од работа. Нека не се опуштаат пошто ќе се отпуштаат. Не знам кога ќе се деси тоа, али ќе се деси. Секој што размислува логично поише од јасно му е дека нашава администрација е пренатрупана со вработени и тоа не може вечно да трае.





А директорот на ЈСП Мишо Н. вика дека финансиската состојба била стабилна. Па добро, ако ова е стабилна финансиска состојба тогаш нека ми објасни некој како изгледа нестабилна финансиска состојба. Мислам... дај да не се праиме будали. Каква стабилна финансиска состојба, по ѓаволите. Нека го решава проблемот или нека дава оставка или ако не дава оставка барем нека ќути, уста нека не отвара. Вози Мишо како што мислиш само не кажувај бајки за мали деца. Вака ако некој ми префрла пари тогаш и ја можам да бидам директор на ЈСП.

Додуше чоеков можда и не е најкрив за ситуацијава у ЈСП, он е само еден од оние што се поставени на такви места само да потпишуваат и не се прашуваат баш за ништо. А дали на него му касни платата како на вработените не ми е познато. Али пак од друга страна додека е ваква ситуацијата у ЈСП кого сакаш стави го за директор, фирмава пак ќе работи со загуби. Сега се прашувам како оваа пропадната фирма ќе биде инвеститор на Панорамско Тркало, кое кога слушнав колку ќе коштало ми се сврте у глава уште пред да се качам на него.


Вози Мишо Вози Мишо Reviewed by Skopski Solidarec on 23 септембар Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)