Technology

Судии ќе одговараат кривично зато што не казнувале прекршочно

Не бе, дефинитивно стануеме Држава. После она апсење на Шпиуни што шпиунирале за странски Држави, еве дочекавме да видиме и второ спектакуларно апсење, апсење на дури 14 Судии топтан па на купче. Ја мислам дека не постои Држава кај што се уапсиле толку Шпиуни и толку Судии одеднаш. Абе сто посто ви кажувам дека ќе не биде. Па вакви масовни апсења не успеал да организира ни Џовани Фалконе. Кога више го спомнав славниот Судија да подсетам дека сестра му на Фалконе пред некое време беше тука кај нас у Скопје да одржи предавање на тема - „Борбата против организираниот криминал и мафијата... па си мислам, да не разбрала министерката нешто погрешно. Па место да апси мафијаши она обратно, ги испоапси сите Судии.

На Судиите им натовариле дека скриле 8000 предмети у фиока и со тоа ја оштетиле Државата парично, а Полицијата вика дека тоа се правело ради лични пријателства. Тууго, што пријателства ќе беа тоа. Ако биле 14 Судии а 8000 предмети значи секој Судија имал по 571,4 пријатели у просек. Секој предмет што ќе му дошол на некој од Судиите они си викале - Абе у пизду матер овој го знам, пријателче ми е, ќе ја турам казнава у фиока док не застари.

А од кај толку пријатели? Па од Фејсбук највероватно, од каде од друго место. Сигурно не се спријателувале на улица. Тоа ти е, Фејсбук ако не те заебе... Влегува обвинетиот и му вика на Судијата - Ајде бе Друже, тури ја тужбата у фиока, не заебавај, пријатели сме. - Од кај Ја и Ти пријатели, се чуди Судијата. - Па од Фејсбук бе пријателе, слободно провери си на профилот. Судијата гледа у Фејсбук и стварно, пријатели се, што јес-јес. Нормално тужбата иде у фиока, ко че коме ако не свој своме. Ебем ти и Фејсбук и све, треба да се пази кого се прифаќа за пријател.

Да бидам искрен и мене кроз тек на годиниве ми немаат стигнато неколку казни. А колку што ми е познато не познавам некој Судија лично, а ни на Фесбук неам некој Судија за пријател. Да не не се само поради пријателства предметите ставени у фиока? Можда луѓето не можат да постигнат, пошто катадневно се пишуваат казни за разноразни глупости. Не се малце и сите оние казни што се пишуваат на луѓе што се борат за гол живот продавајќи по улици, пошто Државата не им обезбедила егзистенција па мора сами да се снаоѓаат, од нешто мора да се живее. Можда Судиите у некој случај се сожалиле со казнетите кога виделе у каква финансиска несостојба се наоѓаат, и Судиите имаат душа, зар не. Па сеа ебемлига, можда и поради некое пријателство, да не се прајме и ние на три и пол дека кога би биле у нивни кондури не би затвориле едно око, а можда и две за некој пријател. Али дека сите овие предмети биле заташкувани ради пријателства... хм, чисто сумњам.

У секој случај ова не одговара за нас обичните граѓани. Сега како што се Судиите исплашени има секоја казна што ќе им стигне да ја решат по кратка постапка, ако требе у Суд ќе спијат али ќе ја решат, ќе нема милост, затоа мислете му ја. Ќе го пуниме буџетот ние, обичните смртници. Ја бев прв да почне да се решава проблемот у ова наше судство, али да се почне од кај што треба, а не од тамо кај што на крај стапот ќе го кркаме ние граѓаните.


Судии ќе одговараат кривично зато што не казнувале прекршочно Судии ќе одговараат кривично зато што не казнувале прекршочно Reviewed by Skopski Solidarec on 12 октобар Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)