Зашто е Скопје загаден Град?

Да не се разбереме погрешно, не викам дека фабриките не треба да стават Филтри, треба, дури требаа одамна да стават. Али ситуацијата е дојдена до таму што и на Оџаците од Куќите што се греат на дрва да им стават Филтри, па и на Ауспусите од Колите да им стават Филтри, па дури и ние у Газовите да си туриме Филтри и со тоа би испуштале еколошки чист Прдеж, Скопје пак би бил загаден град.
Најголем кривец за загадувањето на Скопје е неговото Бетонирање со Згради, Катни Гаражи, Трговски Центри и други Бетонски Лепешки што се изградија, а поготово последниве години, па потоа се друго. Више си станав досаден самиот на себе со ова мое тврдење. Единствено нешто што ќе имаме корист од тоа што Фабриките ќе стават Филтри е тоа што ќе ни стане јасно дека тие не биле единствената причина за загадувањето. Највероватно затоа и се развлекуваше тоа досега, а можда ќе се развлекува и понатака, само за да не ни текне, тоа на Урбанава Мафија баш и одговара. Додека они прават хаос у Скопје нас целото внимание ни е свртено само кон Фабриките, ви текиња.

И нормално населување на градот со жители поише него што може да си дозволи. Можда едно 800 Иљади поише, ситница. Сите проблеми настануваат ради пренаселувањето. Да не се пренаселуваше Скопје немаше да се гради толку и со кое се спречи протокот на свеж ваздух, немаше толку куќи да има што се греат на дрва, немаше толку коли да има што испуштаат отровни гасови, па на крају крајева немаше ни да се прди толку.
После земјотресот се собрале неколку души и го одбрале Кензо Танге да го изгради повторно Скопје, а овој рекол дека Скопје не може да има поише од 350 Иљади жители и за толку треба да се гради. Али кој го слушал. Како што тргнала работава само Општина Аеродром ќе има поише од пола од таа дозволена бројка. Аеродром го спомињам чисто како пример како не треба да се води една Општина. Сите што живеат тука се живи сведоци каков хаос е со тоа зградите. Ништо боље не е ни со другите Општини. И после нема да биде загадено, ма ајде. Додека Скопје се гради и населува чист ваздух нема да дишеме.
А има ли чаре? Има. Има чаре ако дојде Професор Балтазар со онаа негова Ветрењача што голта Магла и Дим и од тоа што ќе го очисти ќе се прави плин со што ќе можеме да си ги пуниме упаљачите.
Зашто е Скопје загаден Град?
Reviewed by Skopski Solidarec
on
20 октобар
Rating:

Нема коментара
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.