Technology

Гликозен Мед



Добро бе луѓе, знаеме ли ние што јадеме? Знаеме ли какви  производи купуваме и колку се проверени истите. Проверува ли некој што ѓубре се продава по маркетите. Проверува ли некој каков леб јадеме, каков бурек, ѓеврек или каков Мед конзумираме. Какви Млечни производи јадеме и пиеме и со каков квалитет се ред други прехрабени артикли.


Него шо ми е муабетот. Си купувам ја така Цветен Мед Јукач од Стокомак. Ми падна малку сумњиво цената ефтина али немаа од тој другиот што го земав дотогаш па си викам ај да го пробам овој.

И така си турам ја Какао у Теглата... што дали од Тегла пијам. Да бе од Тегла пијам, пошто Чашата ми се скрши. Да, да, една чаша имам а поише тегли, самец сум што треба да имам, цел сервис за 12 особи. Добро де ама сте и вие, еве првото идење у продавница ќе купам две Чаши.

Ете заборавив што сакав да..... значи после тоа си турам од медот у какаото земам голтка и... СВИХ МИ ДАБРОВА С ОНТАРИЈА!!! Крикнав, па што е ова бе!? Ми се преврте све у Стомак од тоа медот од Стокомак. Го пробувам онака на голо, отров. Нема ни М од мед, шеќердисан у пиздуматер. Шербетот е пелин за медов. Поздраво е шеќер да туриш него од ова медот.

Ко се стабилизирав малце од првичниот шок читам тоа етикетата и на неа све е Ок. Одобрено од Агенција за Храна и Ветеринарство, анализата ја извршил ЈЗУ Институт за Јавно Здравје на Р.М. и слични глупости. Али ко го прочитав она со ситни букви нормално со мала помош на лупа дека овој такозвани мед има шеќер 82 грама мојте сумњи се обистинија и све ми стана јасно.

Земам фискалната и трк у Стокомак. Го викам шефот и му викам вака и вака. - Да вика, ова е пола-пола, Мед 50% и Шеќер 50%. Море какви 50-50 му викам, мед нема ич, али шеќер има 100%, гарант. Па ми вика дека порано овие од Јукач го носеле како Гликозен Сируп со етикета како таков али последиве тури го носеле со таква етикета - како Цветен Мед. Али чим више знаат што продаваат треба да ги опоменуваат муштериите јербо некој ќе го полапа и ќе му рипне шеќерот у старт, за здравје се работи не е шала ова.

Какви превари си викам, па тука значи може и гомна да турат у тегла да залепат етикета и да го продаваат како мед. Ќе се вика Срање Мед. Без разлика што со ситни букви беше напишано дека има шеќер, не може да се продава како Цветен Мед. Кој го чита тоа со ситни букви уопште, поготово кога ти треба лупа за да прочиташ што пишува. Нема ваљда со лупи и микроскопи да шетаме по продавници. Мед си е мед и ако му ставиш шеќер тоа више неможе да биде мед. Ќе туриш етикета гликозен сируп ебате беља. Од Стокомак испаднаа фер и ми ги вратија парите. Највероватно не бев единствен што го враќам медот.

Право да ви кажам више у ништо не верувам. Знам дека јадеме ѓубре као нигде у свет. Сиромаштијата си го направи своето. За да се поефтини цената се крати од квалитетот, али ова е претеризам. Уште тоа ни фали да купуваме мед што уствари не е мед, чоколадо што уствари не е чоколадо, јогурт што уствари не е јогурт. Чисто сумњам дека и оној мед што го купувам најчесто е баш како што треба, али барем ако ништо друго има вкус на мед.


Текстот е прочитан page visitor counter
who is online counter blog counter
Гликозен Мед Гликозен Мед Reviewed by Skopski Solidarec on 19 новембар Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)