Technology

Ќосето

Ова работава со Андон Ќосето како да забега малце у погрешна насока. Се отвори широка дебата дали Ќосето бил Сериски или Херој. Никој више не збори за тоа што се постављаат споменици без мерка туку дали Ќосето или Д Бучер, најбржи Нож у Пусто Турско, ја вадел Камата кога треба и кога не треба. А па Ние пак големите Патриоти, доволно е да ни извадат некој лик од Историјата и одма се палиме како Хепо коцки. Забораваме и на проблеми и на све. Као да ќе дојде сеа Ќосето со својата Кама и ќе ни ги реши сите маки.

Он што правел - правел, него ние што ќе правиме. Да го оставиме чоекот на раат, нека се занимаваат со него оние од МАНУ и со сите други ликови од поблиската или подалечната Историја. И така оние од МАНУ по све изглеа џабе плати земаат, така барем ќе работат нешто. Дремат како Мечки таму, и ништо корисно нема излезено од таа Институција од 90_та па навака, барем ја не се сеќавам дека имало нешто. А изглеа нема ни да има со моменталната постава што е тамо. И тамо како и у некој други институции треба да се десат коренити промени па да се мрдне од место. Место они да дебатираат за вакви прашања, ние исправаме Криви Дрини.

Иначе ние Македонците сме поделени по многу прашања па и по овие Историскиве. Мое мислење е дека ако има Македонци што мислат дека Ќосето придонел за Македонија, тогаш нека биде така, ако има Македонци што мислат дека и Михајлов или Александров исто така придонеле за Македонија, нема проблем, треба да се поштуе и тоа. Али исто така ако има Македонци што мислат дека и Тито придонел за оваа држава тогаш и тоа треба да се поштуе. Само така ќе можеме да се обединиме барем за тоа прашање, ако не можеме за ништо друго. Али па ако ставаме споменици за секој лик од Историјата, а изглеа ставаме, кај ќе ни биде крајот. Него све нешто си мислам, ако Македонците у тоа време се понашале како ние што се понашаме сега, тогаш не ме чуди што Ќосето имал пуни раце работа.
Ќосето Ќосето Reviewed by Skopski Solidarec on 12 септембар Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)