Technology

Ударнички ќе се Бетонира Општина Аеродром


Некогашниот Рудар, а денес Градежник, Ванчо Ч. за Капитал најави голем Инвестициски Бум у Општина Аеродром  за 2015 Година со изградба на 600 Елитни Станови. Иначе дотичниов Ударник поише ми беше симпатичен кога вадеше Руда, а не сега кога со изградба на овие Станови ќе ни вади Душа на нас, али ајде.



А мене па уопште не ми е јасно кај има тука Инвестиција. Баш би сакал некој да ми објасни пошто сум малце Спор, како може изградба на Згради да биде Инвестиција. Али пак од друга страна ептен ми е јасно дека многу што гледаат од страна ќе бидат одушевени од оваа Информација, пошто нели, гледаат дека нешто се гради и си мислат дека така треба.

Второ, од каде ли само наоѓаат купци за тие Станови. Кај наоѓаат купци у оваа сиромашна Македонија кога Обичниот Македонски Граѓанин едвај сврзува крај со крај, па не верувам дека е толку подкован за да може да си дозволи да купи Стан. Ја ги поделив у неколку групи оние Граѓани што можат да си го дозволат овој Луксуз.

Една група Граѓани што земаат од овие Станови се оние што прифаќаат 2 према 1, тоест се сложуваат да го одстапат својот стар Стан на „Инвеститорот“ а он одкако ќе ја изгради зградата им дава дупло поголем стан од тој што го имале. Таков пример имаме у Стар Аеродром со старите Војни Бараки кој ги рушат, а на нивно место се градат Згради. Таму гради кој како ќе стигне, една зграда гледа према исток, една према запад, една е на косо, една лепенка со друга, кај имало место тамо туриле Зграда. Али оваа група не може да се рече дека се Купци пошто не даваат пари туку само место.

Втората група на Граѓани што купуваат од Становиве се оние што ги носат у Скопје и ги вработуваат у Администрација. Они нешто ќе продадат од кај што доаѓаат, нива, куќа, трактор и слично, нешто ќе земат од Банка и ќе купат Стан. У оваа група спаѓаат исто така и оние што не се вработени у Администрација али ќе продадат све живо и диво у својата Родна Грудка и ќе дојдат у Скопје, ќе купат стан и ќе почнат свој Бизнис.

Трета група се оние што парите си ги затвараат у Недвижности. Купуваат кој по еден, кој по два, кој по поише Станови и после ги издаваат. А пошто у Скопје константно некој се доселува ваљда и ги издаваат, ебемлига. У оваа група ќе ги ставам и Скопјаните што купиле по некој стан, ретки се али ги има.

Е сеа тие што дошле дошле, тие што купиле купиле, али уште колку жители можат да си го дозволат тоа у Македонија, па овие нон - стоп што градат Згради. Треба да се запрашаме дали овие Станови се градат само за Македонски Граѓани.

Све нешто ми се врти у глава она Информацијата што ја протуркаа некои дека у Турција имало 5-6 Милиони Македонци кои многу би сакале да добијат Македонско Државјанство. Ви Текиња. На мислење сум дека некад кога ќе се направи Пописот нешто многу ќе се изненадиме, а нарочито оние што живеат у Општина Аеродром... не стварно шала на страна, Ви Текиња.

Али отом потом, а сеа треба да ни текне дека све додека Ударнички се Бетонира Градов се почесто ќе ја гледаме она сликата со црвени Кругчиња на Министерство за животна средина.




Ударнички ќе се Бетонира Општина Аеродром Ударнички ќе се Бетонира Општина Аеродром Reviewed by Skopski Solidarec on 12 јануар Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)