Човекот кој не беше подготвен за Компромис
Преговорите шо се одвиваат со посредство на Хан малце навлегоа у жанрот на Суспенс Трилер и Мистерија. Тие и така од самиот почеток беа некако Неизвесни и Мистериозни, али мене на ова ме наведе да помислам поради оној дел од изјавата на Товариш Вајгл која гласи, цитирам - Тој еден што не бил подготвен за компромис.....
Јеботе каква Мистериозна реченица. А ја ко ќе чујам вака срочена реченица одма ме подсеќа на Суспенс Трилер. Еве и зашто. Ако само малце ја измениме реченицата и ако наместо зборот ТОЈ, го ставиме зборот Човекот, ќе се добие следнава реченица - Човекот кој не беше подготвен за Компромис.
Е ај сеа како да не ме подсеќа на Суспенс Трилер ко одма после тоа ми текна на Филмот - Човекот кој знаеше премногу на Хичкок. Како да не ме подсеќа на Суспенс коa одма ми текна на Филмот - Човекот кој не беше тамо на Коен Брадерс. Па после тоа ми текна и на - Човекот кој се измами самиот себе со Ли Џej Коб. Ми текна и на други Филмови каде што Човекот го прави Филмот да биде Суспенс али доволни се и овие Три.
Абе овој Вајгл сигурно у Младоста се давел у Суспенс Трилери. Ја стварно не знам од кај иначе на Чоек би му текнало да склепа онаква реченица. Типов не изрешета со прашалници, па ние сега треба да лупаме Глава кој е тој еден што не бил подготвен за компромис и што ради него не успеваат Преговорите.
Режисерите на ваквите Суспенс Трилери исто така не држеа у Неизвесност али не подолго од Два Саата. У нивните Филмови увек на крај се дознаваше кој е Човекот. А ова Европљаниве ко ќе сложат реченица ни Хичкок не би можел да изРежисира подобар Суспенс. Али проблем е шо нивното држење на Гледачите у Неизвесност трае подолго него шо треба.

И ко ќе се деси тоа тогаш ќе дознаеме дека кривец за све ова шо се дешава у Државава беше - Човекот за кој знаевме премалку, потоа - Човекот кој и те како беше тука, и Човекот кој не измами сите нас. Ние треба само да се надеваме дека оваа наша Суспенс ситуација нема да трае превише долго и дека Крајот ќе биде као и у секој нормален Суспенс Трилер каде што увек Негативецот губи. Не сме ваљда таква Среќа кај нас да се деси Обратното. Публиката не сака кога Негативецот победуе, таков Крај ќе нема Проѓа. Тоа негативно ќе се одрази и врз нас и врз Бокс Офисот. Али ако се пролонгира Крајот, у тој случај може да се деси и Позитивецот да стане Негативец, ништо чудно.
ПС. Текстов е малце Неизвесен и Мистериозен, баш исто како и преговорите. Тие ко ќе се разјаснат и текстов ќе стане исто така доста појасен. А до тогаш погледнете некој филм што почнува со зборот Човекот... Ко ќе се испраксирате со вакви филмови и овие преговори ќе ви биде полесно да ги разберете. Али едно е јасно - Човек што може да ни направи никој не може, или речено по Суспенс - Човекот кој можеше да ни го направи она што никој не можеше.
Човекот кој не беше подготвен за Компромис
Reviewed by Skopski Solidarec
on
27 јун
Rating:

Нема коментара
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.