Technology

Заспаната Академија

Политичката криза влегува во завршна фаза, по што ќе следи период на стабилизација, мудро заклучува Академик Камбовски. Па ќе додаде, цитирам - Академијата во актуелната ситуација гледа можност за вклучување во она што ќе го договорат политичките лидери, односно во дефинирањето на одредените правци, изборниот законик ..... Зззззззз! Пред да ме совлада Сонот сфатив дека сака да каже дека Академијата ќе се вкључела у Политичките Преговори.

Хм, све е тоа Ок, али ко ја слушнав и онаа негова Констатација дека Академијата за време на Политичката Криза уопште не излегла со конкретно (читај - Никакво) решение, мене ми падна на Памет добар Предлог.

А тој Предлог е, место Академциве да прават планови за вкључување у Политичките преговори боље ќе биде да си продужат со Зимскиот, Пролетниот, Есенскиот и Летниот Сон и уопште да не се мешаат кај што не им е место. Да живеевме у Бајка ќе дојдеше Принцот па ќе им даеше по еден Пољубац и ваљда ќе се разбудеа од Слаткиот Сон порано. Али пошто ова не е Бајка, а кај нас Принцови нема слободно нека си продужат со Џоњање и понатака. Камо да ни текнеше да го викнеме на време оној Принцот од Племето Хунза, па Ѓутуре да ги изљубеше тоа Академците, и можда така многу порано ќе ги отвореа Очите што им се Ширум затворени.

А не би било лоше цела Академија со све Камбовски да си поднесат Оставки. Ова е дури бољи Предлог и од оној Предходниот. Пошто ако досеа Академциве фаќале Сеир, и сеа кога виделе дека Преговорите се у завршна фаза они побрзаа да се вкључат у нив за да испадне дека демек они нешто работат и нормално после да ги собираат Ловориките, никаков друг Предлог осим Колективна Оставка не ми паѓа на Памет. И така у тие Преговори многу Корист од нив нема да има. Ако досега не помагале не мора ни отсега. Мене пак нешто многу ми е сумњиво тоа што они решиле баш сеа да се вкључат у Преговорите. Ептен сумњиво.

А пак новопечениот Академик Сашко Кедев осим што немал коментар за Политичката Криза, најави и збогување со Политичките Ангажмани. Па се прашуем. Како може некој да се збогува со Политички Ангажмани кога уопште и ги немал. И какви се тоа Академци што немаат Коментар за најважните Политички збиднувања кај нас. Хм, ако биде Академик каков што беше Политичар тешко на таа Академија. А тешко и на нас со Нив. Баш чудни некој Академци.


Заспаната Академија Заспаната Академија Reviewed by Skopski Solidarec on 23 јун Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)