Technology

4 Мај (Македонија Де Факто и Де Јуре не е веќе држава)

Ништо помало зло од владеењето на Сдсм-Вмро овие 30 години се и оние кои ја изветоперуваат историјата а со тоа и настаните кои се случиле за време на Југославија сакајќи со тоа да го прикажат Тито како најнегативна личност во Македонија.

Последниве 30 години беа доволно време да сфатиме кога Македонија беше подобра држава, дали во Југославија за време на Тито или денес со овие сатрапи на власт.

Факт е дека македонците сами се изборија за своја држава после втората светска војна, меѓутоа и заслугата на Тито е огромна и тука нема збор.

А што се однесува на оние изветоперувачи на историјата, тоа се истите оние внатрешни непријатели на државата кој никогаш не спијат а кој често се спомнуваа во Југославија.

Тогаш не ги слушавме тие опомени за нив и дозволивме после распадот на Југославија они и нивните наследници да роварат во Македонија (и во сите останати Југословенски републики) и резултатот на тоа нивно роварење го гледаме денес. Македонија Де Факто и Де Јуре не е веќе држава.





4 Мај (Македонија Де Факто и Де Јуре не е веќе држава) 4 Мај (Македонија Де Факто и Де Јуре не е веќе држава) Reviewed by Skopski Solidarec on 04 мај Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)