Држава со ваков народ не бидува
30 годишното затупување на народот од страна на Вмро и Сдсм си зеде данок. Ако некогаш "Државата со таква младина не се плашеше за својата иднина" денес итекако треба да стравуваме.
Веќе таква прогресивна младина од времето на Ју речиси и да немаме, а и сениорите не се баш нешто со што треба да се гордееме.
Навредите кој не можам ниту да ги споделам да се прочитаат не ја вреѓаат само Данела, туку и сите жени и мајки и сопруги.
Кој им дава за право да кажуваат такви гнасотии кои нормален човек не би ги ни помислил?
Мислат дека ако навредат некого на таков начин ќе испаднат во право?
Мислат дека со тоа ќе бидат поголеми мажи?
Дали мислат дека со тоа ќе го задоволат својот сексуален нагон за самозадоволување?
Живееме во болно општество во кој работите се излезени од контрола. Не се веќе проблем само Вмро и Сдсм и нивните катастрофални политики туку и оние нивни програмирани подржувачи оперирани од срам и чувства.
Тие се сега можеби поопасни од овие две партии.
Нема коментара
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.