Катастар е Криминално Дувло
Јавна тајна е дека одредени политичари кај нас имаат поише станови него да речеме Доналд Трамп или некоја друга славна и богата персона. Многумина од нас слушнале за градоначалникот кој има 17 стана, за градоначалникот кој си ги спојувал становите, за градоначалникот кој за секоја изградена зграда добивал по 2-3 стана, сме слушале слични работи и за министри, директори итн.
Тоа што Катастар не ги дава податоците и ги крие имотните листови само уште толку го подгрева сомнежот дека сите овие муабети што кружат се итекако вистинити.
А исто така сме слушнале а многумина од нас и лично се увериле у тоа какво криминално дувло е Катастар. Речиси и да нема човек што влегол таму да заврши работа а да не му се побара мито.
Живееме у држава у која сите ние што плаќаме данок на имот, што плаќаме сметки, комуналии, што не градиме дивоградби, што не узурпираме државни земјишта и што воопшто ги почитуваме законите сме изгледа тешки Будали.
Не бега народ од тука само за подобри плати (познавам луѓе што напуштаат а се прилично добро ситуирани) туку едноставно не можат веќе да го издржат овој башибозук. И у право се што бегаат.
Катастар е Криминално Дувло
Reviewed by Skopski Solidarec
on
22 мај
Rating:
Нема коментара
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.