Technology

Пријави Загадувач Бре!


Општина Аеродром го стартуваше проектот „Пријави загадувач“Како шо информираат од Општината секој ден па дури и викендите од 08.30 па све до 22.30 ха на мобилниот 075/316-515 граѓаните ќе можат да пријават потенцијален загадувач после кое комуналните инспектори брзином светлости одма ќе се пуштат у акција.

Право да ви кажам ова е у исто време и добар и фер проект. Добар зато шо Ародромци ете конечно ќе има каде да пријават загадувач, а фер зато шо општината ги извества загадувачите дека работното време за пријавување е до 22.30 ха па така они ќе може да загадуваат после 22.30 без страв дека некој ќе има каде да ги пријави.

Иначе Општина Аеродром руши свецки рекорди зимава у загадување. Ако продужи вака уше малце на Марс ќе се дише полесно него у Аеродром. Али добро, може и ние претеруваме малце. Некако очекувавме дека новиве градоначалници за еден месец ќе го решат овој проблем. Меѓутоа ако продужат вака со мерки кои неверуем дека ќе дадат некакви посебни резултати све се плашам дека и следната зима ќе биде исто само малце бетер.












Меѓутоа ајде да не кобиме, ја лично сум одушевен од оваа акција на општината и апелирам до Аеродромскиот живаљ ако случајно можда примети нешо сумњиво у своја непосредна близина одма и под хитно да се јави на 075/316-515. А ако некој е при крај со кредит нека титне можда овие ќе му се јават, ебемлига кујзнае. А ако немате телефон тркнете докај комшивката да се јавите, па кафенце, па муабет..., или кај комшијата свеедно. Ако не пријавувате после вие ќе испаднете криви шо е загадено. Затоа Пријави Загадувач Бре!

ПС. Ова е иначе чинам втора акција на Општината у нов состав. Првата беше она каде шо ни 
објаснуваат шо се подразбира под електронски отпад, а што под електричен отпад. И така ко ќе научите шо е шо, општината ќе ви помогне да се ослободите од тој отпад. Тука општината малце изиграва Старо Купуем само шо нема да купуе туку само ќе собира. И то е добро, нека се работи нешто. Акција по акција и еден ден да се надеваме дека ќе ја трефнат правата акција која ќе помогне ваздухот у Аеродром да го направи малце попријатен за дишење. Само Напред.



Пријави Загадувач Бре! Пријави Загадувач Бре! Reviewed by Skopski Solidarec on 10 децембар Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)