Technology

Каква маска треба да носиш против загадувањето?





Прво и основно, не купувај хируршки маски од аптеки / пазарче!

Не се наменети да те заштитат тебе од воздухот, туку пациентот од хирургот.
Е сега, откако го тргнавме тоа на страна, дај стварно да разјасниме какви маски се 
користат во вакви загадувања. Маските треба да се сертифицирани за користење во
услови на висока воздушна загаденост.

Ваквите маски МОРА да носат една од следните ознаки:


  • N95— Маски кои филтрираат до 95% од честичките во воздухот.
  • Не се отпорни на нафтени гасови.
  • N99— Маски кои филтрираат до 99% од честичките во воздухот. 
  • Не се отпорни на нафтени гасови.
  • N100— Маски кои филтрираат до 99.97% од честичките во воздухот. 
  • Не се отпорни на нафтени гасови.
  • R95 — Маски кои филтрираат до 95% од честичките во воздухот. 
  • Делумно отпорни на нафтени гасови.
  • P95— Маски кои филтрираат до 95% од честичките во воздухот. 
  • Отпорни на нафтени гасови.
  • P99— Маски кои филтрираат до 99% од честичките во воздухот. 
  • Отпорни на нафтени гасови.
  • P100 — Маски кои филтрираат до 99.97% од честичките во воздухот. 
  • Отпорни на нафтени гасови.
Е сега, освен ако не откријат нафтени полиња во Скопско, добар ќе си со тие Nxx маски. 
Зависи колкава заштита сакаш, толку појака би земал. Кај нас со ова загадување
одговара N1000 ама уште не ги имаат направено за жал.
Моја препорака се N95 / N99 маските, и тоа неколку, зошто со тек на време 
филтрите се затнуваат, и потребно е да се смени маска.
Друго нешто што е многу битно, е маската да прави ВАКУУМ околу устата и носот, 
по можност со 2 затегачи, еден горе и еден доле.

Преземено од Горјан Јовановски

Каква маска треба да носиш против загадувањето? Каква маска треба да носиш против загадувањето? Reviewed by Skopski Solidarec on 11 децембар Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)