Technology

Втора фаза


Читам министерот за транспорт и врски Сугарески следната година ќе распишел тендер за изградба на втората фаза на жичницата од детската болница Козле до Средно Водно. Уше додава дека со ова планирале да ја збогатат туристичката понуда на градот.

Тука само од себе ми се наметна едно прашање - КОЈА БРЕ ЦРНА ТУРИСТИЧКА ПОНУДА НА ГРАДОТ?! И кој е луд турист да ти дојде у оваа канализација наречена Скопје. Па гледа ли он дека е загадено до посер и дека не се дише. И шо ќе види туристот ко ќе се качи со жичара на Средно Водно? Нишо нема да види од шо е загадено, само смог.

7 миљона евра ќе се потрошеле за ова. Па може ли тие пари да се потрошат на нешто попаметно него ли за изградба на втората фаза на жицницата? И која бре втора фаза, се офајдифме од првата па сеа ни фали и втора. Па тоа ко ќе почне да се копа, па да се сечат дрва, па прашина. Маме ќе ни се ебе. И све тоа поред болница у која поради загадениот ваздух е пуна со деца.

Па нели се договоривме дека више нема да има градење на Водно. И више ако решиле да потрошат 7 миљона евра нека ги потрошат баш таму од каде шо планираат да ја градат жичарата, а тоа е детската болница Козле. Или зa некoјa другa бoлницa, свеедно. Болниците пропаѓаат а ти да слупаш милиони зa жичaра, па не иде бре чоече. Што е следното, изградба на ски - центар на Водно?

Ај ова дека ќе се троши за гасификација, железничка инфраструктура, изградба на социјални станови пеки, али жичница до средно Водно... Па нас у Скопје изгледа никој не не ебава ама баш за ништо. Право да ви кажам ова е за референдум. Да се иде на гласање дали сакаме втора фаза жицница или не.

Или па да го вратиме Миле за министер, ова е негов проект. Он го почна он нека го заврши, а. Или да ги отвориме стенограмите па да видиме кој шо зборел до пред некое време за непродуктивни трошења, жичари и слично. Вика втора ваза а. Е Скопје, Скопје.

Новиот блог е на следниот линк

Втора фаза Втора фаза  Reviewed by Skopski Solidarec on 05 децембар Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)