Technology

Паркче од 500 иљади евра

Општина Аеродром не информира дека паркот Бојмија чинел неверојатни 500 000 евра. Или со зборови факинг ПЕСТОИЉАДИЕВРА, односно ПОЛАМИЉОНЕВРА. Само фонтаната чинела 40 иљади евра. Демек била со сензори, млазници и не знам со што уште не, за да може највероватно у нејзе да се тресе кур у ладна вода ако за тоа се укаже потреба.


Гледајте како се расфрлаат со наши пари. Кој бизнис си го прават. Па на тоа ко ќе додадеме и плус за санирање пошто како што ќе речат, фонтаната и паркот во повеќе наврати е цел на вандалски чин, сумата ја надминува кујзнае за колку онаа бројка од 500 иљади евра.


Знаете ли колку реално чини да се направи еден парк од 5000 м2? Трева 500 евра, десетина клупи 500 евра, еден куп израснати дрвца 1000 евра, неколку лед сијалици 300-400 евра,  две бетонски фонтани за пиење вода 200-300 евра. Плус ако треба да се поплочи нешто или да се постави некоја љуљашка или да се засади по некое цвеќе, паркот би чинел се на се не повеќе од 10 000 евра. Ова се друго е невиден криманал. Скриени зад флоскулите „се е транспарентно“ и „се е според закон“ безмилосно се расфрлаат со наши пари.





Паркче од 500 иљади евра Паркче од 500 иљади евра Reviewed by Skopski Solidarec on 12 јун Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)