Заташкување на аферата со Мазутот кој уствари не е Мазут
Додека ние мислиме дека аферата со мазутот кој уствари не е мазут е при крај и дека паднале првите кривични пријави, апсења и оставки, власта преку ѓоамити борецот против криминал и корупција искача со едно смешно и конфузно соопштение.
Во тоа соопштение со излитени фрази од типот, „Институциите постапуваат по насоките“, „Царинската управа е дополнително задолжена...“ или „Заедничка цел е целосна слика за фактичката состојба...“, покушаваат по кујзне кој пат по ред да не мафтосуваат и да не праат будали.
Кој институции постапуваат по насоките? Оние институции кои дозволиле овој отров да влезе во Македонија? И што значи она Царинската управа е дополнително задолжена? Демек еднаш била задолжена па сега уште еднаш ја задолжиле. После и трет пат ќе ја задолжат. Па они ако после 2 недели немаат целосна слика за фактичката состојба што значи тоа? Дека ја заташкуваат работата, ете тоа значи.
Нема коментара
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.