Technology

Премиерот на Западен Балкан

Премиер на една суверена држава у случајов Македонија, поканува друг политичар у случајов Претседателот на САД да го посети Западен Балкан. Се прашувам, човеков е премиер на Македонија или на Западен Балкан? Али така си е тоа кога Македонија ја водат луѓе залутани во политика. Маргиналци кој на маргините од некој самит добиваат шанса за еден шејкхендс и краток разговор од 3 секунди.. Таман онолку колку што му треба на фотографот да штракне една фотографија и да го овековечи настанот. Меѓутоа за поздравување е тоа што оваа средба за разлика од онаа со предходниот претседател на САД траеше подолго за цели 35 стотинки и со тоа е соборен личниот рекорд на нашиот премиер кога се у прашање средбите со Америчките претседатели.


Меѓутоа не е се така црно, за среќа од Бајден добивме уверување дека тој лично добро го познава регионот. Мене многу ми олесна ко го прочитав ова. Не е мала работа да добиеш уверување фром `д президент оф `д ЈУЕСЕЈ дека го познава регионот, и тоа ни мање ни више туку лично. Која ебена чест. Нашиов политичар од регионот односно од Западен Балкан сигурно се стопил од среќа ко го слушнал ова.


Али то не е ништо у споредба со она што дознавме дека постоело интерес за планирање посета. Чекајте. не се радувајте пред време. Не пишува дека постои интерес за посета, туку интерес за ПЛАНИРАЊЕ посета. Или у превод речено и покрај сите национални остапки што се прават, да не речам предавства, они и понатака не не есапат ни 2 посто. А следниот пат би било пожелно добро да испланираат каков текст ќе срочат или уште подобро нека објават само слика, не треба текст да ставаат. И без да напишат нешто на сите ни е јасно колку е сатот. Една слика иљада зборови.





Премиерот на Западен Балкан Премиерот на Западен Балкан Reviewed by Skopski Solidarec on 15 јун Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)