Релативно безбеден град
Него мене ме интересира што значеше онаа реченица на градоначалникот кога ги повика граѓаните да паркираат таму, цитирам - паркингот е исчистен и релативно безбеден? Хм, релативно безбеден. Што значи тоа релативно безбеден? Дали тоа значи дека ако паркираш таму можда колата ќе ти биде демолирана а можда и нема? Шансите се фифти-фифти? Ќе ви кажам што значи тоа релативно безбеден. Значи - немој на некого да му паднало на памет да паркира тамо! Меѓутоа градоначалникот само ја кажа вистината. Дали што на ум то на друм или случајно му излета тоа, вистината е таа. Не само полигонот него и цело Скопје е релативно безбеден град. Али тоа највише по заслуга на најнеспособниот министер за МВР на куглава земаљска.
А само после неколку дена од светскиот ден на заштита на животната средина Скопје пак пливаше у срча. Кејот кај Гтц повторно беше прекриен со стакло. Како е можно некој тука да се пијанчи и да крши флаши и да демолира, а никој да не реагира. И тоа у сред центар. На Партизанска исто. Центар на град. Одговорност нема, а срчата ќе си стои. Битно они се изнасликаа, се разотидоа, а градов и понатака си остана прљав и небезбеден. И така до некоја друга акција за расчистување.

Нема коментара
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.