Technology

Известување за потрошувачите за небезбеден производ ,,Златни пластични вилушки,,

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите за отповикување на небезбеден производ ,,златни пластични вилушки,, произведени во Кина, со лот бр. AZ-161224.

Информацијата за небезбедниот производ е добиена преку системот РАСФФ на ЕУ. Производот е ставен во промет во сите маркети од страна на Верополус ДООЕЛ од Скопје со седиште на ул. Кочо Рацин бб. 

Производот е небезбеден заради наод на високо ниво на вкупна миграција. 
Веднаш по добиеното известување, надлежен Државен инспектор за храна изврши вонредна инспекциска контрола кај увозникот и согласно презентираната документација за следливост констатирано е дека производот не е најден во промет
Сите потрошувачи кои што го купиле небезбедниот производ може да го вратат каде што го купиле.

Агенција за храна и ветеринарство

(Него мене не ми е јасно како тоа производот е ставен во промет во Веро маркетите, а при извршената инспекциска контрола производот не е најден во промет?! Значи ли тоа дека дознале дека ќе има контрола, а пошто знаеле дека е небезбеден самите го повлекле од продажба?! Или можеби масовно се купувале пластични виљушки и ножеви за 1 мај па се распродал?! И најважното, како воопшто поминал граница небезбеден приоизвод како овој? Проверува ли некој што се влегува во државава?)
Известување за потрошувачите за небезбеден производ ,,Златни пластични вилушки,, Известување за потрошувачите за небезбеден производ ,,Златни пластични вилушки,, Reviewed by Skopski Solidarec on 14 мај Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)