Technology

ЗОШТО СТАНА НЕОПХОДНА РЕВИЗИЈА НА ДУПОВИТЕ ВО ЦЕНТАР


Планирањето на градот е исклучително комплексен процес во кој се вкрстуваат сите параметри на урбаното живеење, а грешките во планирањето се непоправливи. Стандардите и нормативите за урбанистичко планирање се базираат на наука за градот и имаат за цел да го подигнат квалитетот на живот и да го заштитат јавниот интерес, а не желбите на поединци. Жителите на Центар со години ги живеат лошите последиците од реализација на ДУП-ови во кои стандардите и нормативите за урбанистичко планирање не се почитуваат.


ЗОШТО СТАНА НЕОПХОДНА РЕВИЗИЈА НА ДУПОВИТЕ ВО ЦЕНТАР СО ОДЛУКА ЗА НИВНО НЕСПРОВЕДУВАЊЕ ИЛИ ПОПУЛАРНО КАЖАНО МОРАТОРИУМ

  • ДУП-овите во Центар не беа во согласност со генералниот урбанистички план на град Скопје. Параметрите за планирање се некокукратно надминати;
Планирањето се насочува според интересот на инвеститорите наместо според капацитетот на просторот и сеопфатна визија за живот во град;

Прекумерното искористување на дозволените параметри на градење доведува до дехуманизација на просторот и животната средина;

Максималното градење (во спратност и габарит) повлекува низа проблеми: пренаселеност која не е во согласност со ГУП-от, надминување на капацитетите на јавните институции (градинки, школи, здравство, култура), надминување на капацитетите на инфраструктурата (недоволен паркинг простор и простор за пешаци и велосипеди, капацитет на фекална канализација);

Не се почитуваат законски регулативи од Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, Законот заурбано зеленило, како и сите потребни стандарди за проектирање на објекти, заштита и безбедност;

Се надминува процентот на изграденост на ниво на парцела кој изнесува максимум 70% или 60% според законот за урбано зеленило;

Се надминува дозволената спратност на објектите, на сметка на неосветлени станбени единици;

Не се обезбедува 20% зеленило на ниво на парцела според новиот закон за урбано зеленило;

Не се испочитувани потребните пропишани минимални растојанија помеѓу соседните парцели и објекти, а со тоа се загрозува безбедноста на граѓаните во случај на природни катастрофи и пожари;

Во плановите не се заштитува земјиштето на Република Македонија како земјиште кое може да се искористи за јавен интерес – за подобрување на квалитетот на населбите со намени за јавни површини;

Мораториумот не значи престанок на развојот во Центар, туку времена одлука која овозможува да се поправат гореспоменатите пропусти, да се усогласат ДУП-овите според законски пропишаните нормативи за планирање и да се постигне оддржлив развој за подобар град. 

Пс. Одличен текст, мене само ми останува да додадам и не само Центар, туку ревизија на дуповите е неопходна и во Аеродром, Кисела Вода, Карпош, па и во другите општини кои не се толку атрактивни за градење. Да престанат градоначалнициве да се праат на триипол и нека се потсетат што ветувале пред избори. Тотално исправна одлука на општина Центар.

ЗОШТО СТАНА НЕОПХОДНА РЕВИЗИЈА НА ДУПОВИТЕ ВО ЦЕНТАР ЗОШТО СТАНА НЕОПХОДНА РЕВИЗИЈА НА ДУПОВИТЕ ВО ЦЕНТАР Reviewed by Skopski Solidarec on 16 мај Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)