Technology

Потпиши ја петицијата!

Поддржи ја петицијата која е повик до уставните судии да запрат со злоупотреба на својата функција и застанат во одбрана на Уставот и нашето право! 


КЛИКНИ ТУКА ДА СЕ ПОТПИШЕШ!

Се работи за основно човеково право на здрава животна средина, право кое последниве години дел по дел го губиме. Секоја педа зеленило ја покрија со бетон, никнуваат згради како симболи на моќта на профитот над правото на обичниот граѓанин. Баравме парк наместо згради, ама немало законска можност – сами ја најдовме, поднесувајќи претставки за 4 ДУПа на територија на Карпош. 

Се работи за огромен станбен комплекс по течението на реката Вардар, одземајќи го единственото струење на свеж воздух кое преостана на неколку илјади жители во Карпош. Се работи за преостанати зелени паркчиња во Влае и Карпош 3, нов трговски центар во близина на Сити Мол, се работи за комплексот НАСТЕЛ во Тафталиџе и други 20 згради - да докажеме дека се спорни, дека некои носеле одлуки во името на граѓаните, а на нивна штета. 
И не се работи само за ДУПовите, се работи за моќта на граѓаните да се изборат за своите права. Не сакаме да бидеме центар на моќ само на денот на изборот, не смееме да се помириме дека сме немоќни дури и кога правото е на наша страна. Институциите кои треба да не штитат, со години забораваат дека народот е тој што ги плаќа и за кој што треба да работат. Затскривајќи се зад тешки бирократски правила пробуваат и за жал успеваат да демотивираат дел од граѓанскиот активизам. 
И покрај многуте демотивирања, дека нема шанси да успееме, дека се работи за големи пари, дека сите се купени – сепак верувавме во Највисокта правна институција. Предметите се толку едноставни и јасни, потврдени доказите и од општината, но сепак се заборавени во нечии фиоки. 
Прашуваме зошто? Просечно време е околу 4 месеци, ни рекоа кога ги поднесовме, поминаа 7, 8, зградите немаа темели сега до 5 кат стигнаа. До кога треба да чекаме, додека не се изградат сите, па тогаш нашето добиено право да биде за потсмев?
НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ! 
Ние не запираме, секој ваш потпис е поддршка и дополнителен мотив и сила. Колку сме повеќе толку сме погласни за нашите права! 
Ние потписниците на оваа петиција бараме од Уставниот суд на Република Македонија ИТНО да постапи по предметите У.бр.95/2017, У.бр.134/2017, У.бр.135/2017 и У.бр.136/2017, примени на 06.09 и 18.10.2017, и да ги постави на дневен ред веќе на следната седница. 
Го потсетуваме Уставниот суд и неговите судии дека нивна функција и должност е да го штитат Уставот, а со тоа и темелното уставно начело на владеење на правото на кое ние како граѓани на оваа земја ИМАМЕ ПРАВО! 
Потпиши ја петицијата! Потпиши ја петицијата! Reviewed by Skopski Solidarec on 04 мај Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)