Technology

Мораториум на ДУП-ови

Кога ќе се спомене мораториум на Детални урбанистички планови (ДУП-ови), можеби за некој звучи страшно. Загрозувачки за развојот на општината. Напротив, ова е шанса да се направи евалуација и да се преиспитаат погрешните чекори. Сите проблеми кои се јавуваат во Центар се грешки во планирањето. Инфраструктура, паркирање, зеленило, загадување… Граѓаните се повеќе стануваат свесни дека ДУП-овите не се само подлога за издавање градежни дозволи, туку и визија како ќе живеат во населбата“.
Ова е став на граѓанската иницијатива „Здравје пред профитот во Центар“, која, практично, произлегува од „Во одбрана на Дебар Маало“. Групата се шири на ниво на цела општина Центар. Будно следат одлуки на Советот, урбанистички планови, аномалии во јавен простор. Поттикнуват сите центарци да станат активни учесници, а не неми набљудувачи на случувањата во соседството, маалото, бидејќи тука почнува дејствувањето на заедницата и прогресивните проекти.
„Здравје пред профитот во Центар“ веќе ја има Јана Белчева на претседателското место во општинскиот Совет каде деновиве беше донесена одлука за запирање на 30 ДУП-ови. Мораториумот повлече различни реакции. Од една страна, дел од јавноста, градежници и советници го окарактиризираа како незаконски. Друг дел, го сметаат за почеток на нова приказна во урбанистичкото планирање. Двигател за поквалитетен живот.
Токму тоа беше поводот Радио МОФ да разговара со Искра Михајловска и Мила Димитровска од иницијативата. И двете се архитектки. Можеби струката влегува во конфликт со секојдневието, велат тие, но во еден момент, разумот мора да провладее. Еднаш „мора да се биде спремен да се почне отпочеток, како што треба“.
„Сите што се бунат дека мораториумот е незаконски, дали се бунеа дека е незаконски да има повеќе од 37 деца по одделение? Дали некој се буни кога утре ќе нема место во училиште? Прашува ли некој зошто нема вода на погорните катови? Слаб притисок? Зошто се преливаат шахти на дожд? Се буни ли некој кога децата им одат накај училиште, a се изложени на ризик? Видовме има жртви, баш пред ‘Коле Неделковски’. Што е со паркираните коли по тротоар? Законот, пред се’, треба да ги штити послабите. Да обезбеди сигурност на пешаци, деца, велосипедисти… Никој не се буни дека е незаконски, но станува незаконски кога е загрозено градежништвото. Тогаш смета. ‘Најстрашно’ е кога треба да се вади градежна дозвола. Конечно имаме политичка волја да се поправат овие работи“, смета Михајловска.
Целиот текст на Радио МОФ
Мораториум на ДУП-ови Мораториум на ДУП-ови Reviewed by Skopski Solidarec on 08 мај Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)