Technology

Апел Држава


Мислам дека не постои држава како нашава каде што се апелира поише. Нема ден а да не се изапелира за нешто. Па така се апелира грдежниот отпад да не се фрла во контејнери, па апел градежниот шут да не се фрла во Вардар, апел да се престане со палењето и уништувањето на контејнерите по скопските улици, апел да не се палат огнови на отворено, апел да не се фрлаат пикавци и догорчиња поради опасност од пожари, апел да не се паркира по тротоари, апел да се почитуваат сообраќајните прописи, апел да не се користат петарди, апел да не се палат гуми и пластики, апел да не се кршат клупите, апел за ова, апел за она. Глаата тупан од апели. 

Слушајќи ги овие апели ми доаѓа да се запрашам - функционира ли државава и имаме ли ние МВР у државава? Колку време треба да помине за да се сфати дека апеливе уствари не вршат никаква работа. Уште фали да почнат да упатуваат апел да не се пљачкаат банки, да не се крадат аутокасетофони... Треба да се упати еден апел до оние што упатуваат апели да престанат со апели и да почнат да се справуваат со сите видови на криминал. Пошто грото од сите овие силни апели што ги слушаме катадневно се уствари апел да не се прават криминали.

Терминот Апел кај нас погрешнио се користи. Се апелира за навремено плаќање сметки, се апелира за користење субвенции, се апелира за користење велосипеди како превозно средство, се апелира за спортување и слично. Не се апелира за да не се прави криминал, тогаш треба се апси и да се поднесуваат кривични и прекршочни пријави. Би било супер кога со апел би можело да се реши криминалот, ама не може. Преку...тииииииииит... више од апели.


Апел Држава Апел Држава Reviewed by Skopski Solidarec on 22 мај Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)