Technology

Не дирај мечку у пичку (Може ли на паркингот кај ГТЦ да никне парк?)

Ликот што го гледате на сликава е Министерот за транспорт и врски. Тоа е човекот што дополнително ја усложни работата со 60катниците што треба да никнат на паркингот кај ГТЦ. Тоа е човекот што прво кажа хоп па тек онда скокна, или да бидам попрецизен ја чачкаше мечката по гениталии или ако сакате у полајт верзија го чепна лавот на спиење. Башка и нас не фати на спиење и додека се расониме ја дознавеме горката вистина.

А таа вистина е дека министеров ги продал државните 9000 метри квадратни за мочани 2 миљони евра, само затоа што некој на тој простор поседувал 4000 метри квадратни. И според него тука немало ништо спорно и све било според закон. Па да ви се посерам у законот. Нели сфативте досеа дека законите се срање кај нас. Тоа што законот дозволувал не значи дека морало да се продаде земјиштето. 

А можеше ли обратно да биде, државата да ги откупи за 300 евра тие 4000 метри квадратни и тука да направи парк. Ќе беше ли тоа законски, а министре?

Слуша ли овој што мислат Скопјани више за градењето у Скопје, или ќе се прај на 3 ипол како неговите сопартици Марин и Шилегов. Прашал ли некого овој пред да го продаде државното земјиште? Па не му е тоа оставено у наследство па да продава без прашање. Почнаа да го продаваат државното земјиште у Скопје пошто зашто, исто како нивните предходници. Слушни го, вика све било законски, уште и се заебава со нас. Овде нешто смрди и владава ако мисли за народот треба да ја испита работава под хитно.

Иначе да ве подсетам министеров уште пред да седне у фотеља му текна генијална идеа да ја продолжи изградбата на жичарата од Козле до средно Водно, проект со оперативно име Втора Фаза. Па така уште на почеток почна да ја рчка мечката кај што не треба. Среќа уште нема ништо од тој проект. И тоа ќе беше све според закон, нели.

Во меѓувреме:
На прашањето во текстот погоре кое си го поставив сам на себе, а коe гласи: - А можеше ли обратно да биде, државата да ги откупи за 300 евра тие 4000 метри квадратни и тука да направи парк? Ќе беше ли тоа законски, а министре? - одговорот го пронајдов во една изјава на Мирослав Грчев, архитект по занимање, чиј текст по некоја случајност беше пуштен у етер скоро во исто време. Како да ми ги прочитал мислите... или текстот.
- Обратно, можно е од земјиште за изградба да направите парк, тоа не е забрането, но во овие капиталистички околности тоа е скапо и треба да се обесштетат сопствениците – ќе каже Грчев.
Значи, МОЖЕ! Ќе додадам само едно, кога се работи за здравје ништо не е скапо. А подобро нешто од парк, здравје.
Целиот текст на Мирослав Грчев тука.
Во меѓувреме по втор пат: Текстот на Мирослав Грчев го избришале, така да ќе мора да ми верувате на збор дека тоа го рекол.

Не дирај мечку у пичку (Може ли на паркингот кај ГТЦ да никне парк?) Не дирај мечку у пичку (Може ли на паркингот кај ГТЦ да никне парк?) Reviewed by Skopski Solidarec on 22 мај Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)